Наши ѕвезди

Фолкерот Дарко Лазиќ терал ергенски живот, со денови не прашувал за неговата ќерка – цели шест месеци не платил алиментација

Advertisement

Не се грижел премногу за неговата ќерка

Advertisement

Фолкерот Дарко Лазиќ закрепнува во болницата по тешката сообраќајна несреќа што му се случи на 23 октомври. За тоа време неговите родители водат медиумска хајка против неговата сé уште законита сопруга и колешка Ана Севиќ тврдејќи дека не им дозволила да ја видат внуката Лорена. Но судејќи според изјавите што ги имаат дадено пред новинарите, многумина ги критикуваат и коментираат дека само сакаат да ја дискредитираат поранешната снаа.

Имено, мајката Бранка пред неколку недели за медиумите изјави дека ја гледа внуката Лорена, додека неговиот тако Милан изјави дека не ја виделе бидејќи поранешната снаа не дозволувала. Сепак, како што пренесуваат српските таблоиди, вистината е потполно поинаква.

Ана не сака да се огласува во медиумите, бидејќи се што имала да каже го кажала во емисијата на Огнен Амиџиќ. Од друга страна тешко го поднесува тоа што родителите на Дарко го валкаат нејзиното име во медиумите и смета дека не го заслужила тоа и дека секогаш била добра кон нив, вели извор за Ало и додаде дека Дарко шест месеци не дал ни денар за ќерката Лорена и покрај тоа што и ветил дека ќе и дава одредена сума додека и официјално не се разведат. Знаел да не се јави и по неколку дена и да не праша како му е детето. Наместо тоа живееше ергенски живот без да се грижи за потребите на малата Лорен. Како што пренесуваат медиумите, кога Ана ќе му се јавела, тој постојано и велел дека ќе и донесе пари, а потоа го немало никаде со денови. Времето минувало, сметките за станот во кој порано живееле заедно, се трупале, па морала да се задолжува за да ги помири трошоците.

Advertisement

https://www.instagram.com/p/BjAphzlniIa/

 

И така, поминале шест месеци, пред да се случи тешката сообраќајна несреќа поради која Дарко заврши во болница, раскажува изворот, а пренесе весникот Ало.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button