Фолкерката својата ќерка ја роди во 2001, таа „повлече“ на мама и е вистинска убавица – погледнете, ќе се изненадите!
Познатата фолк-пејачка, Јасна Миленковиќ Јами, приватниот живот го држи далеку од очите на јавноста.
Но она што е познато е дека има ќерка Леа која што ја роди во 2001 година и која речиси никогаш не се појавува во јавноста.
Познатата фолк-пејачка ќерката ја доби со белградскиот фризер Предраг Пеџа Ранковиќ. Јами сакаше да се омажи за него и мислеше дека конечно ја нашла љубовта на својот живот, но за кратко време откако ќе се остварат во улога на родители ќе решат да стават точка на емотивната врска. Јами потоа направи пауза од својата кариера која траеше цели три години за да и се посвети максимум на својата ќеркичка.
Еве што изјави за својата наследничка Јами во една пригода:
„Целата е на мама, па и повеќе од што треба. Посебно убавината. Многу сум горда на неа. преубава е, најдобар ученик во училиштето и тоа е она што ја краси. И треба да учи и понатаму, бидејќи како времето доаѓа, знаењето и образованието се повеќе се цени, а мама е тука како ветер во грбот“.
Како што вели и самата пејачка, Леа не сака да се експонира во медиумите, а многумина коментираат дека е копија на нејзината мајка.
„Таа нема никаква врска со медиумите и реалните шоуа, има свој живот. Јас сум на сцена и популарна, но тоа воопшто не ја вклучува неа“ изјави Јами во една пригода и откри дека Леа денес зборува четири јазици.
„Одлучив да ја воспитам сама и многу сум горда на тоа. Ние жените честопати не сме ни свесни колку сме силни и храбри додека не влеземе во оган. Не беше лесно за Леа. Таа исто така го носеше мојот товар, мораше многу повеќе да работи на себе и да се докажува од другите деца“.
Безвременска убавина
Инаку, Јами е позната по тоа што создава врвна атмосфера кога станува збор за нејзините настап.
Но освен што убаво пее, Јами е позната и по својот фантастичен изглед, како на почетокот од кариерата, така и денес.
Таа се појави во 1991 година и веднаш стана препознатлива по својата долга руса коса и атрактивниот изглед.
Пејачката каде и да се појавеше ги мамеше погледите со своите смели модни комбинации, па фановите не можеа да останат имуни на нејзиниот шарм.
Погледнете како таа изгелдала некогаш, но и сега, по цели 30 години од почетокот на нејзината кариера.
Фото: Инстаграм/ Јасна Миленковиќ Јами
Фото: Инстаграм/ Јасна Миленковиќ Јами
Фото: Инстаграм/ Јасна Миленковиќ Јами
Фото: Инстаграм/ Јасна Миленковиќ Јами
Фото: Инстаграм/ Јасна Миленковиќ Јами
Фото: Инстаграм/ Јасна Миленковиќ Јами
Фото: Инстаграм/ Јасна Миленковиќ Јами
Фото: Инстаграм/ Јасна Миленковиќ Јами
Фото: Инстаграм/ Јасна Миленковиќ Јами