Списанието GQ крајот на 2019. го прогласи за маж на годината, згодниот Џејсон Момоа.
Тој е успешен актер, гласен активист и миленик на жените, а како што пишуваат медиумите и одличен сопруг на свoјата Лиса Бонет со која има две деца.
Актерот Џејсон Момоа (41) е роден на Хаваите и 11 години постарата Лиса Бонет, која многумина ја помнатт по серијата „Cosby Show“, се заљубиле во 2015 година. Но, всушност станувало збор за филмска љубовна приказна.
Џејсон во една прилика раскажал на медиумите како ја видел Лиса на телевизија на свои 8 години, а на својата мајка и кажал дека многу ја сака. Лиса му била голема инспирција па дури имал и фризура каква што таа тогаш имала.
Ја запознал додека живеел во хотелска соба, а тогаш немал ни сопствен аввтомобил па зад воланот морала да седи Лиса.
Тој бил решен да ја освои, и навистина се посветиl на тоа.
-Не и го кажав сето ова се до моментот кога ги добивме двете деца, инаку би излегол малку чуден. Отсекогаш сакав да ја запознаам, отсекогаш за мене беше кралица, изјави Џејсон за странските медиуми.
Парот се венчал во 2017. направиле мала интимна церемонија и подоцна ги добиле двете деца, ќерката Лола и синот Нако.
– Отсекогаш мислев дека ќе бидам кул татко. Секогаш сакав да бидам татко. Пример ми беа моите вујковци, тие ми беа идоли. Мојте внуци се толку среќни, дури бев по малку љубоморен бидејќи јас немав татко, па отсекогаш сакав да бидам татко еден ден, откри Момоа во едно интервју.
Тој исто така знае да каже дека неговите деца се најголемо уметничко дело, а ужива во нивното одгледување
„Господе го обожавам тоа, многу е убаво, сакам да биде тoa најголемата рабоота која некогаш ќе ја направам; да одгледам добри луѓе“, рекол Џонсон.
Сепак во една прилика признал дека го плаши растењето на неговата ќерка. На прашање на новинарката дали неговата ќерка излeгува со момчиња, па се нашалил дека таа ќе биде чесна.