Реклама
LIFESTYLEВирално

Фестивалот во Кина на кој јадат кучиња ќе се одржи и оваа година?

Реклама

Во јуни 2017 година, целиот свет славеше кога кинеските власти ја забранија продажбата и убивањето на кучиња за време на Јулинскиот фестивал.

Но, тоа брзо покажа дека љубителите на животните од целиот свет почнаа да се радуваат премногу рано. Кинеската влада брзо го отповика овој закон поради реакцијата на продавачите на месо, и наметна одредени ограничувања до кои никој не се придржуваше и сите брзо заборавија дека законот за забрана воопшто постои. Минатата година, фестивалот се одржа, а најверојатно ќе се одржи и оваа година. Но речиси веќе никој не зборува или пишува за целиот овој ужас, а фестивалот започнува за помалку од два месеци.

Маркетинг

Не е стара традиција 

Многу луѓе помлади од 30 години ваквото однесување кон кучињата и мачките не го одобруваат, додека постарите се сеќаваат на времињата кога сето тоа било нормално, особено во сиромашните краеви во кои луѓето поради сиромаштија јаделе се што може да се јаде. Но на помладите им се чини дека тука сепак станува збор за заработка. Многу луѓе заработуваат на кучешко месо, а оние кои немаат пари, кучињата им се лесен извор за заработка. Еден килограм кучешко месо чини околу 500 денари, а за време на фестивалот се убиваат околу 10.000 кучиња. Продавачите на кучешко месо често крадат туѓите миленици само за да дојдат до заработка.

Околу 10.000 кучиња се убиваат за време на фестивалот секоја година

Многу од кучињата (и мачките) убиени за време на фестивалот се украдени домашни миленици. Кучињата се сместени во мали кафези наредени еден до друг во задниот дел на камионите, а потоа се возат стотици километри до Јулин. Поради недостатокот на храна и вода додека се транспортираат, некои кучиња умираат од глад или дехидратација пред да стигнат таму – што всушност од друга страна тоа можеби е добро за нив (затоа што барем нема да се мачат за време на фестивалот), трагично-но вистинито.

Маркетинг

Во екот на популарноста на овој фестивал, се колеле од 10.000 до 15.000 кучиња, но оваа бројка се намалила затоа што станало многу сурово.

Кина и Запад

Многумина нема да се согласат со нив бидејќи сметаат дека миленичињата се рамноправни членови на нивните семејства, животни партнери и вистински пријатели. Некои ќе речат дека мачките и кучињата од Јулин се третираат ужасно, тие се ограничени во мали кафези, болни, злоупотребувани и убиени со насилна смрт, а ако не чекаат „смрт”, умираат од разни болести. Но, нивните противници ќе речат дека истото се случува и со кокошките, свињите и кравите во другите делови на светот. Едно е сигурно – во многу земји животните што се чуваат за храна се чуваат во нечовечки услови. Впрочем, се поставува прашањето: дали убиството на животни на нашата територија е подеднакво на убиството на мачки и кучиња во Кина? Може ли овие двеработи воопшто да се споредат?

Локални и странски активисти

Многу Кинези не знаеја за постоењето на Јулински фестивал, сè до пред неколку години, кога почнаа кампањи против него. За многу луѓе ваквото однесување е неприфатливо, а дел од нив се дел од организации се обидуваат да ја искоренат оваа „традиција”. Но, има и проблем во тоа. Од 2017 година, странските невладини организации кои сакаат да ги здружат силите со локалните здруженија да дејствуваат на конкретни прашања, се контролирани од владата која на ниеден начин не сака да дозволи големи протести или собири кои би можеле да го нарушат мирот или да предизвикаат непријателски ситуации на властите.

Решение

Локалните жители кои се обидуваат да го забранат убивањето на мачки и кучиња во Кина велат дека решението лежи во донесувањето на таков закон. Ако властите решат да донесат закон за забрана, луѓето ќе престанат да убиваат невини животни, бидејќи во спротивно ќе ги очекува голема финансиска или затворска казна.

Но, многумина мислат дека нема ништо од ваквата забрана, а младите се надеваат дека тоа ќе се случи, бидејќи, според нив, свеста за сериозноста и нечовечноста на оваа „традиција” значително се зголеми во последниве години.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button