Познатата фолкерка повторно реши да го промени изгледот.
Иако многу жени ретко прават промена и косата им е заштитен знак, за неа тоа не важи.
Сања Цинцева-Барби откако се појави на музичката сцена редовно прави промени во имиџот, односно многу често ја менува бојата на косата, па овојпат повторно се реши за промена.
Црнокоса, бринета, црвенокоса, а сега повторно како русокоса.
Таа со новата фризура се пофали на Инстаграм и напиша „и опет плавуша“ .
Освен што одлично пее, таа уште подобро и изгледа. Пејачката е активна на социјалните мрежи каде често објавува провокативни фотографии.
А, кога Барби ќе се стегне, намести и почне да менува пози пред фотообјективот, на мажите им застанува здивот.
Инаку, Сања Цинцева исто така е поприлично актуелна и во соседна Србија каде имаше низа гостувања во претходните години, а сними и неколку песни на српски јазик кои поминаа одлично кај тамошната публика.
Таа е една од оние пејачки кои немаат комплекси, па често позира и без шминка и филтери во сосема природно издание.
И додека за време на корона кризата сите паузираа таа сними нова песна инспирирана токму од коронавирусот.
Песната со име „Ковид и сеkс“ предизвика големо внимание и стана вистински хит во време на пандемија, таа успеа да пронајде начин и да направи нешто позитивно од сето тоа.
-Брз, динамичен и несекојдневен рефрен. Тоа е она што можам да го кажам за песната. Наскоро следува премиера и се надевам дека на публиката ќе и се допадне нашиот финален производ“, откри сексапилната Сања за „Убавина и здравје“