Уште едно дрско издание на Александра Заева кое НИКОГО не остави рамнодушен
Заева со „дрско“ црвен кармин на усните

Тоа дека љубовта е одлична состојка која секогаш гарантира одличен изглед ни покажа неодамна и Александра Заева кога на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со нејзиното момче (види тука).
Таа во преубав фустан во смарагдно зелена боја ги воодушеви сите, а така беше и овој пат кога објави фотографија на Инстаграм на која позира во опасно црно-бело издание и со црвен кармин на усните.

Александра е голема љубителка на добрата шминка што можеме да видиме и од другите нејзини фотографии што ги објавува на социјалните мрежи.

Што се однесува до црвениот кармин, таа многу добро знае дека без разлика на тоа која боја е вашата коса, или тен, црвениот кармин стои одлично на секоја дама и во секоја пригода. А доколку уште го зачините со едно вакво издание, со тренди фризура и вистинските модни парчиња, тогаш добивате комбинација која е полн погодок.
Па, големо БРАВО за ова издание на Заева.