Наши ѕвезди

Уште една позната фолк пејачка заврши во болница заради опасниот КОРОНАВИРУС: „Имам воспаление, а немав симптоми!“

Advertisement

Пејачката Лена Ковачевиќ се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и со своите фанови сподели дека е во болница.

Фото: Инстаграм/ Лена Ковачевиќ

„Драги пријатели, посакувам да бев во студиото … Но, јас сум во добри раце во болницата. На сите им праќам голема прегратка, дистанца од два метра и ве молам да бидете многу внимателни! Единствениот симптом што го имав беше ненадејната малаксаност – што траеше не повеќе од два дена и веднаш ги снимав белите дробови заради тој ненадеен плиток здив што заради природата на мојата работа сериозно го почувствував и разбрав… И бев примена во болницата со воспаление. Толку комплетно траеја моите симптоми “, напиша на почетокот Лена на Инстаграм.

Advertisement

„Не бев во контакт со заразените. Бев негативна на првиот тест. Чекам на вториот, но очигледно дека главната работа во градот не ме заобиколи и мене. Не среќавам луѓе во болницата, сретнувам суперхерои. Вашата Лена ве сака многу. Да бидеме одговорни“, додаде таа во своето обраќање.

Инаку, таа не е единствената естрадна ѕвезда која во моментов е болна од ова опака болест.

Фото: Инстаграм/ Лена Ковачевиќ

И нејзините колешки Милица Тодоровиќ и Славица Чуктераш се во изолација, а болна е и пејачката која своевремено учествуваше и во ријалитито „Фарма“, Нела Бијаниќ. Еве што изјави таа за нејзината состојба:

Advertisement
Фото: Инстаграм/ Лена Ковачевиќ

„Искрено да ви кажам, ви се извинувам што малку забавено ќе зборувам, но се уште не можам да дишам со полни гради. Шред десетина дена бев во Златибор, таму ги почувствував првите симптоми, температура, но не давав некое посебно значење за тоа бидејќи мислев дека е од промената на климата. Но кога се вратив во Белград изгубив чувство за мирис и вкус. А кашлањето што траеше недела дена ме уништи. Температура немам веќе три дена, мирис кога е посилен го чувствувам, на пример парфем. Не знам каде се заразив, но сметам дека тоа беше во Белград, а не на Златибор, но кој знае“ – вели познатата фолк-пејачка и додава.

Фото: Принтскрин

„Сега сум подобро, очекувам утре некои наоди на брис од грло и бидејќи ми ги снимаа градите, кои се добро, но се уште не можам да дишам со полни гради. Ми дадоа некои антибиотици, но утре ќе одам повторно да ми ги снимаат градите за да бидам сигурна. Морам да се носам со ваквата ситуација, голем борец сум, убедена сум дека се ќе биде како што треба. Куќата, фала му на Господ, е полна, јас сум на поткровјето, тие се два ката под мене, така што ништо не ми фали. Многу колеги ми се јавуваа, пријатели, роднини и тоа навистина е убаво да имаш такви луѓе покрај себе“, изјави пејачката.

Фото: Инстаграм/ Лена Ковачевиќ
Фото: Инстаграм/ Лена Ковачевиќ
Фото: Инстаграм/ Лена Ковачевиќ
Фото: Инстаграм/ Лена Ковачевиќ
Фото: Инстаграм/ Лена Ковачевиќ
Фото: Инстаграм/ Лена Ковачевиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button