Реклама
Наши ѕвезди

Уште една наша ГРАНД ЅВЕЗДА направи СВАДБА: Младоженецот сам си го отпеа првиот ТАНЦ

Мите Стоилков стана популарен по неговата победа на „Пинкови ѕвездички“, потоа тој се натпревуваше и во музичкото шоу  „Ѕвездите на Гранд“, каде постојано мамеше воздишки со своите настапи.

Реклама

Популарниот пејач Мите Стоилков викендов застана на „лудиот камен“. Тој стапи во брак со преубавата Марија Минова.

 

Маркетинг

Мите Стоилков стана популарен по неговата победа на „Пинкови ѕвездички“, потоа тој се натпревуваше и во музичкото шоу  „Ѕвездите на Гранд“, каде постојано мамеше воздишки со своите настапи.

Маркетинг

Мите е син на музичарот Горан Стоилков, член на групата „Огнени момчиња“. Во една прилика изјави дека советите на неговиот татко најмногу го мотивирале да го постигне тоа што отсекогаш го посакувал.

„Како во секоја музичка куќа така и кај нас, речиси секој ден се свиреше и пееше и очекувано љубовта кон песната од ден за ден ми беше с` поголема. Знаев скришум да го земам инструментот на татко ми. По желба на дедо на кој го носам името, родителите ме запишаа во музичко училиште“, раскажа тој.

На 9 ноември во дворот на Бигорскиот манастир , Мите ја запроси Марија. Тогаш тие си ветија вечна љубов. А викедов се направи и големата веселба.

Велат кога срцето ти го радува, таа е вистинската-напиша Мите на објавата кога и го даде вереничкиот прстен.

Добриот пријател и колега на Мите, хармоникашот, Мишел Трајковски, на стори објави видео од првиот сведбен танц. Таму се забележува како Мите ја пее песната  „Заувек“ што заеднички ја одбрале за отворање на свадбата  и во исто време танцува со преубавата невеста.

 

Ретко гледаме ваква гледка на свадбите. Секоја чест за Мите.

И Гламур им честита за новиот чекор во животот.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button