Реклама
Наши ѕвезди

Уште еден фолк пејач во тешка состојба – веднаш е хоспитализиран во инфективно и ставен на кислород, естрадата во шок

Реклама

Марко веќе со денови е под надзор на докторите

Фото: Фејсбук/ Марко Симичиќ

Оние што се грижат за него во болницата се надеваат дека ќе оздрави брзо, а во моментов е приклучен на кислород.

Во Србија како и во Македонија од ден на ден состојбата со новиот вирус корона се влошува. Бројот на новозаразени постојано расте, а секојдневно читаме дека инфекцијата се проширила и меѓу голем број познати лица. Па така еден од последните вакви случаи е познатиот српски пејач Марко Симичиќ, фронтменот на бендот „Као Као бенд“, кој заради здравствените тегоби предизвикани од опакиот вирус е задржан на лечење во инфективното одделение.

Маркетинг

Марко веќе со денови е под надзор на докторите кои се надеваат дека брзо ќе оздрави, а бидејќи има отежнато дишење, приклучен е на кислород.

Фото: Принтскрин

Естрадна треска и во Македонија

Инаку, во Македонија голема прашина се подигна околу случајот со фолкерот Спасен Силјановски.

Маркетинг

Имено, како што објави порталот „Фокус“ пред неколку недели, пејачот и покрај тоа што му бил земен брис за тестирање, наместо во самоизолација до добивање на резултатите, имал средба со свои колеги музичари во „Продукција ИН“. Дел од нив со кои фолк-пејачот снимал концерт во живо се вознемириле откако дознале дека нивниот колега е позитивен на Ковид и морале да одат во самоизолација, а „Фокус“ објави дека тој на дружбата дошол наводно ненајавен, а и останал подолго време по снимањето и се дружел со останатите.

Спасен на една од своите последни фотографии, од пред неколку дена

По ова се јави со свој коментар и првиот човек на ИН Продукција, Ване Петкоски, каде што се случи настанот.

Тој застана на страната на Силјаноски и ги демантираше гласините дека Спасен не поканет се појавил во продукцијата, туку дека лично бил поканет од него како специјално изненадување на вечерта.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

„Неколку денови не коментирам јавно ништо, ја следев ситуацијата со случајот со Спасен Силјаноски и мора да разјасниме некои работи и шпекулации! Со Спасен се слушнав вечерта сат време пред да пристигне и се договоривме да биде изненадување неговото идење. Друго, не верувам дека во тој момент Спасен Силјаноски знаел дека има корона, всушност му верувам се уште дека потоа се заразил, ние сите кои бевме тука се слушаме по цели денови и ги следиме препораките од матичните доктори и сите сме во ред и никој нема симптоми. Всушност и не беше блиска средбата со Спасен, единствено бевме во иста сала која е голема колку едно ракометно игралиште. Многу сум изненаден од некои луѓе кои видов се ситат и на Спасен Силјаноски, ама и лично на мене, а јас сум здрав прав за нивна жалост“ вели тој и додаде:

„Да се ситиш на некоја болест која што гледам изгледа сите ќе не помини? И на крајот ИН продукција си работи како секогаш, дури има и нови вработени, единствено што деновиве јас сум отсутен од ИН продукција! Ова е последна посвета за овој случај, сем ако добијам Корона ќе се јавам пак да ја соопштам добрата вест за душегрижниците“, напиша Ване.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

По ова се огласи и самиот Спасен кој напиша:

„Благодарам Ване на искреноста и чесноста на твојот статус, но овој момент најважно е здравјето, а на шпекулациите ќе им дојде крајот. Многу КВАЗИ новинари и портали пробаа да го оцрнат ликот и делото на Спасен и тоа во момент кога се борам со болест од која стравува цел свет. Но за нивна жал тоа тешко им оди. Најподло и најнечовечки е да се сити човек на нечија болест. Короната не сум ја измислил јас ниту сум ја донел од Вухан, и јас сум се заразил од некој несреќник. Пет минутки по добивањето на мојот позитивен тест веднаш објавив на мојот профил… Уште документот го немав во рака по јавувањето на мојот матичен јас го објавив резултатот иако не сум должен да го објавам…“ коментираше тогаш Спасен.

Но, Спасен е етички и морален човек… Решението за позитивен тест го добив на 23, а нашата средба беше 3 дена пред тоа. Како сум можел да кријам дека сум позитивен кога не СУМ знаел?! (Сам се смеам на сета мака) За тоа време јас сум се гушкал и со моите деца и сопругата, зарем сум сакал да ги заразам??? Како можат да постојат глупави глави да мислат дека сум криел? Ако сум криел од некој значи сум криел и од сопругата и децата.. Значи сум сакал да ги заразам и сопругата и децата… АПСУРД, тие што ме мразат нека најдат друг изговор, а оние попаметните нека видат од кај доаѓа изворот на оваа пропаганда и многу лесно ќе сфатат дека тоа е политичка пропаганда и хајка лично против мене. Не можејќи да најдат црна точка во мојата кариера пробаа да ме компромитираат на овој премногу нечесен начин играјќи и ситејќи се на болест. Уште еднаш им посакувам здравје на сите дури и на оние злобните, но само едно ќе им кажам.. Карма ис а бич!“, нагласи пејачот видно револтиран со целата ситуација.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Тој потоа за порталот Свет Австралија го изјави и следново:

„Од како ми зедоа брис јас не добив никакво упатство, ниту напомена, ниту решение за да бидам во самоизолација. Дали мислите дека до толку би го ризикувал здравјето на моите деца, на сопругата и на најблиските мои домашни луѓе со кои бев сите дена во најблиски контакти ако имав било какви напомени или забрани? Најтешко ми падна реченицата ‘Криел од колегите дека има корона?!“ вели тој и повторно додаде дека зад напaдот стои политичка пропаганда.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button