Урнебесна идеја: Патничка ја облекла целлата облека за да не доплати за багажот во авион – го правите ли и вие ова

Патничка која летала со авион покажала што е подговена да направи само за да не доплати за багаж.
Гел
Родригез од Филипини облекла обека со ежина од 2,5 килограми бидејќи нејзиниот рачен багаж ја надминал максималаа тежина од 7 килограми.
Таа истакнала дека од персоналот на авиокомпанијата била информирана дека нејзиниот багаж тежи 9 килограми, така што мора да ѝ биде наплатена такса.

„Кога персоналот на авиокомпанијата ми рече „Дозволени се само седум килограми во рачниот багаж“. Јас возвратив: „Нема проблем“.
Одбивајќи да ја плати таксаа, таа го трансформирала својот прекумерен багаж од девет килограми на 6,5 килограми, откако на себеси ги облекла своите маици, панталони и јакни.

„Не сакав да ја платам таксата за вишокот багаж, бидејќи имав пус само 2 килограми (4,4 фунти“, изјави Гел за VICE).
И покрај нејзиното генијално решение да избегне плаќање за вишокот багаж, Гел рече дека никогаш повеќе нема да се обиде да се облече со облека на аеродромот.
„Беше навистина жешко“, рече таа.
Таа исто така се пошегува дека да знаела дека нејзината објава ќе стане вирална, ќе позирала подобро на фотографијата.

Во нејзината објава на Фејсбук на 2 октомври, таа сподели фотографија на која гордо позира облечена во пет маици, три пара панталони и три јакни.
„Од 9 кг до 6,5 кг багаж“, напиша Гел, додавајќи емоџи за смеење, заедно со хаштагот: #ExcessBaggageChallenge Accepted.
Оттогаш, нејзината урнебесна објава собра повеќе од 33.000 „лајкови“, 1.000 коментари и споделена е повеќе од 20.000 пати.
