Реклама
CATWALK

Ума Турман се појави на пистата и ги засени најпознатите модели на денешницата

Реклама

Познати актерки во улога на модели

На ревијата во Париз на „Miu Miu“ покрај топ моделите како Наоми Кембпел и Адријана Лима, во луксузниот хотел Регина неочекувано се прошетаа и познатите холивудски дами. Па така во ѕвездената постава на ревијата беа познатите актерки Клои Севињи, Џејми Кинг и Кејт Босворт, потоа ѕвездите од сериите „Stranger Things“ и „Game of Thrones“ Садие Синк и Гвендолин Кристи, но најмногу внимание на јавноста го привлече појавувањето на 48 годишната Ума Турман која со својата специфична појава и висина од 1.83 сантиметри и те како им конкурираше на дамите од светот на модата.

Маркетинг

Познатата актерка која се прослави со култните филмови на режисерот Квентин Тарантино се појави со мокра коса и комбинација во која доминираат впечатливи бои и дезени. Таа беше главна ѕвезда на гламурозната ревија и додека многубројните модели се обидуваа да го задржат сериозниот израз на лицто, Ума со насмевка и вродениот талент за одење на писта докажа дека покрај кариерата како актерка одлично се снаоѓа и во улога на професионален модел.

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button