Ужива во мајчинството: Македонската водителка го доеше синот во кафуле

Македонската водителка Цеце Трајковска, сега Тодосовска ужива во најдобрите и најсреќните моменти во својот живот.
Водителката која беше дел од познатата емисија „Утринска на Телма“ пред неколку месеци се оствари во најубавата животна улога, стана мајка на своето прво дете, синот Бодан.
Таа и нејзиниот сопруг Стојанче уживаат во улогата на родители и заедно со синот уживаат во секојдневните обврски. И двајцата се доста активни, но детето уште од најрана возраст оди секаде со неговите родители, па дури и на планина.

„Многу планини се пред нас, заеднички ќе ги искачуваме“, напиша Цеце во опис на фотографијата на која позира со Бодан на Горна Матка.

Деновиве таа изненади со интересна фотографија.
Имено, мајките ширум светот се споделуваат фотографии додека ги дојат своите деца во јавност.
Доењето во јавност, за жал, се уште често се поврзува со невкусно покажување на дојките во јавност. Но, сите мајки или жени кои имале прилика да видат мајка која дои сигурно ќе потврдат дека доењето во јавност исклучително ретко изгледа како невкусен чин.

Поголем дел од мајките кои дојат надвор од својот дом внимаваат на дискрецијата, првентство затоа што ни на нив самите не би им било пријатно да бидат премногу разоткриени во текот на доењето.
Клинички студии покажаа дека доените бебиња поретко се разболуваат и полесно закрепнуваат. Мајчиното млеко обезбедува емоционална сигурност и намалување на стресот преку тесната поврзаност мајка-бебе. Доењето доведува до побрз развој на мускулите и коските на лицето, поретки се инфекции на дишните патишта, дијабет и малигни болести.

И новопечената мајка Цеце ги поддржа останатите мајки, па сподели фотографија додека го дои Бодан во кафуле.
„Најубавото чувство.

Овие моменти не би ги менувала за ништо на светот“, напиша таа на Инстаграм.


Цеце и нејзиниот сопруг Стојанче Тодосовски стапија во брак во 2018 година. На нивната свадбена церемонија присуствуваа сите членови од нивното семејство и пријателите, но и нејзините колеги од утринската емисија.
Тие направија необична и модерна свадбена веселба, за која нивните блиски изјавија дека долго ќе ја паметат.

Неодамна таа во едно свое интервју зборуваше за бременоста и како се чувствувале таа и Стојанче откако дознале дека ќе станат родители.
„Кога дознав дека сум бремена, не бевме изненадени бидејќи тоа е нешто што и двајцата со Столе го посакувавме и очекувавме.
Бевме пресреќни, си го пуштивме нашиот омилен бенд Beach House и се изнагушкавме од среќа“, изјави Цеце за Женски магазин.

И среќната мајка конечно дочека и го зема својот син во прегратка. Цеце на свет го донесе своето прво дете кое со сопругот одлучија да го крстат Бодан.
Она што мора да се признае е тоа дека одителката изгледа одлично кратко по породувањето. За многу кратко време ја врати својата совршена линија.
Таа и нејзината пријателка, некогашната водителка на „Брза кујна“ Александра Илиевска во исто време станаа мајки, па сега и двете се дружат заедно со децата.
Првите сончеви пролетни денови донесоа ведрина кај луѓето и сите се трудат да ги искористат максимално.
Со оглед на сегашната ситуација луѓето повеќе слободното време го користат за прошетка во природа.
Така и двете колешки и водителки одлучија да отидат на прошетка во Градскиот парк, но овој пат заедно со нивните деца.

Тие споделија нивн заедничка фотографија од дружбата.
„Другари од мешиња
Бодан & Сара“, пишува во опис на фотографијата.
Она што многумина го забележаа е тоа дека и двете изгледаат фантастично по породувањето и многу брзо ја вратиле својата витка линија.










