CelebrityНовости

УБАВИ ВРЕМИЊА НА ЅВЕЗДИТЕ: Карлеуша и Цеца во минатото пееле заедно – еве кој хит го испееа

Advertisement

Најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражњатовиќ и нејзината колешка Јелена Карлеуша со години се лути една на друга. „Војуваар“ по судски и медиумски пат, па на крај решија да се смират.

Advertisement

По макотрпните судења меѓу пејачките Јелена Карлеуша и Светлана Ражњатовиќ, на војната конечно ѝ дојде крај.

Имено, медијацијата успеа, а тоа го потврди и Цеца по излегувањето од судот пред година дена. Карлеуша пак остана воздржана од коментари.

Advertisement

Потсетуваме дека медијацијата се однесува на процес на мирно решавање на спорот меѓу двете страни, со помош на неутралната страна- медијатор.

Но, дали сте знаеле дека овие две големи ѕвезди некогаш заедно соработувале?

Цеца и Јелена во убавите денови пееле заедно една песна која станала голем хит. Станува збор за песната „Пушти ме“.

Имено, пејачката Славица Трипуновиќ позната како Дајана во 1995 година го издала албумот „1,2,3 и…“ каде се нашла и песната „Пушти ме“ која Дајана ја напиша со Драган Бајовиќ Браја, а пратечките вокали ги испеале Цеца и Јелена. Цеца тогаш била голема ѕвезда, а Јелена била на почетокот од кариерата.

Во продолжение ова е спотот за песната која во тоа време беше голем хит.

Уживајте:

https://www.youtube.com/watch?v=F_dPZpjLP3s&feature=emb_title

За потсетување, Јелена Карлеуша открила дека на почетокот на кариерата нејзината колешка Цеца Ражнатовиќ немала убави зборови за неа и оти не и дала никаква поддршка.

Цеца и рекла дека никогаш нема да успее во шоу бизнисот и оти е дебела.

Се сеќавам дека Цеца ми рече дека никогаш нема да бидам ѕвезда. Ми рече дека добро пејам, но оти сум дебела. Тука се зафркна. Дали е некој роден да биде ѕвезда тоа се гледа, се присети Карлеуша.

Но, Јелена првата тужба од Цеца ја доби поради изјавите каде во еден дневен весник изјави дека Ражњатовиќ го наредила уб иството на Зоран Давидовиќ.

 

Но, денес и Карлеуша може да се пофали со својата брилијантна музичка кариера, таа успеа да се искачи на врвот со својата оригиналност, спектакал и боја на глас.

Секој настап изгледа светски и уникатно.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button