Убава ПРИЧИНА ЗА СЛАВЕЊЕ во домот на Маријан Стојаноски – пејачот го запеа својот НАЈГОЛЕМ ХИТ

Испеа неколку хитови, кои до денес се пеат, па престана да се појавува во медиуми.

Откако целосно се повлече од естрадата, се пресели во Скопје и започна да работи како дел од хорот на операта во МОБ, пејачот Маријан Стојаноски исчезна од јавноста.
Крушевчанецот Маријан Стојаноски се појави во исто време со најдобриот македонски пејач Тоше Проески и не само што му беше сограѓанини школски другар, туку многумина експерти во тоа време на почетокот на нивните кариери сметаа дека Маријан е еднакво талентиран и квалитетен вокал како и Тоше, па затоа и на обајцата им предвидуваа блескава кариера.

За неговиот приватен живот, но и музичките ангажмани многу малку се знае. Но, пејачот е активен на социјалните мрежи, каде споделува фотографии и од приватноста.
Иако се повлече, тој не престанува да ѝ биде интересен на публиката. До ден денес се зборува за неговите песни: „Подарок“, „Срце ќе ти украдам“, „Како сокол“, „Ненаситен“.

Маријан никогаш не се откажа од музиката, но престана да објавува свои песни. Но, во едно свое интервју изјави дека луѓето сѐ уште го препознаваат по песната „Ненаситен“.
„За „Ненаситен“ има интересна приказна. Турскиот автор ми ја понуди да ја пеам, се задруживме на еден фестивал во Турција. Ми ја понуди и „Овој ритам е јак“. Владо Јаневски го напиша текстот за „Ненаситен“, а многумина и до ден денес ме знаат како „ненаситен“, од песната“, истакна Стојаноски.
На социјалните мрежи еден период беше актуелно да се прават шеги на негова сметка и луѓето се потсмеваа на некои стихови од неговите песни, но тој никогаш никому не замери, напротив и самиот тој споделуваше некои од шегите.

Поради пандемијата на многумина од нас животот ни запре. Многумина доживееја лоши работи, многумина останаа невработени, а на многумина пандемијата не им донесе никакви промени. За пејачот Маријан Стојаноски минатата година беше и повеќе од одлична.
Кон крајот на 2019 година тој ја запроси убавата Наташа, за која јавноста на почетокот не знаеше ништо, па се ширеа шпекулации.
Наташа Каранџулоска по потекло е од Охрид и не е познато дали можеби има влашко потекло или влече крушевски корени.

Фотографии од веридбата вљубениот пар сподели на социјалните мрежи.
Младоженецот беше облечен во елегантно бордо палто и црни пантолани, а Наташа пак покрај „бушавиот розев фустан“ кој ја истакнуваше нејзината соршена фигура ја покажа свршеничкатаа торта, букетот цвеќе и секако свршеничкиот прстен со кој беше побарана за сопруга од пејачот.

Двајцата навистина многу се потрудија веридбата да биде на ниво и сѐ да биде во најдобар ред.

Иако пандемијата ги спречи да направат свадба со многу гости и луда забава, сепак не ги спречи својата љубов законски да ја крунисаат со брак.
Летото во 2020 година тие застанаа на „лудиот камен“, а за убавата вест публиката ја информираа со фотографиите кои ги споделија на социјалните мрежи.

Но, тоа не беше единственото изненадување.
Освен бракот, Наташа сподели и дека го очекуваат своето прво дете, со фотографии на кои се гледаше нејзиниот труднички стомак.

-Фамилија Стојаноски, напиша Наташа под фотографиите на кои се гледа трудничкото стомаче.

Недолго поле тоа се случи најубавото нешто за еден пар. Наташа и Маријан станаа родители.
Наташа на свет ја донесе нивната прва ќерка Вероника. Оваа вест пејачот ја сподели со фановите на интернет.
-Добре ни дојде ќерко Вероник“, напиша гордиот татко.

Токму 2020 година беше годината кога пејачот за првпат го прослави својот роденден како татко и сопруг.
Поради пандемијата и роденденот беше во кругот на семејството во домашна атмосфера. Но насмевките на лицата не недостасуваа.

Гордите родители беа пресреќни што убавите моменти ќе ги споделуваат со нивната ќерка.
Пејачот на социјалните мрежи доби многу честитки од пријателите, а некои од нив му честитаа со една од неговите најпознати песни „Подарок“, која почнува со стиховите „Роденден, мала забава“.

Деновиве повторно имаше причина за славење во домот на Стојаноски.
Коронавирусот сѐ уште е присутен во нашите животи и големи прослави не се дозволени, но семејството секако ужива во нивните мали забави.
Наташа пред неколку дена слаеше роденден, а пејачот не се воздржа и на Фејсбук објави фотографии од неа со емотивна честитка.
„Среќен роденден моја најмила“, напиша Маријан во опис на фотографиите на кои позираат фамилијарно.

Убава шарена торта ги красеше фотографиите, но најубавото беше Вероника која веќе е потпораснато девојче кое ужива додека нејзиниот татко ѝ пее.
Маријан не издржа, па ја запеа и „Подарок“ за својата сакана. Погледете ги нивните фотографии во продолжение.






