Убавата Ранија облече посебен фустан за нејзиниот роденден и испрати моќна порака!

Кралицата Ранија од Јордан наполни 50 години!
Кралицата е совршена кога е во прашање стилот на облекување. Преубавата Ранија изгледаше боженствено на нејзиниот роденден.
Сопруга на јорданскиот крал Абдула II мамеше погледи во бел долг фустан дизајниран од познатиот либански дизејнер Дарен Хачем.
– Ништо не може да се надомести денот поминат со луѓето кои најмногу ги сакаш. И благодарам на сите за прекрасните роденденски честитки – ми го разубавивте денот, напиша кралицата под семејниот портрет кој го направија во нивниот дом.
Погледнете уште неколку префинети и совршени комбнации на кралицата
Кралицата Ранија има беспрекорен стил, а тоа можевме да го забележиме и овој пат кога во палатата Басман каде им се обрати на присутните да работат за добросостојбата на заедницата во која што живеат, се појави во софистицирано издание со кое го одзема здивот. Таа носеше долг бел фустан од лен и памук зачинет со суптилен каро дезен и со потписот на американскиот бренд „Hellessy“. Горниот дел е со јака и големи, нагласени ревери, додека здолништето се состои од величествени карнери кои се косо нашиени.
Детали за кралицата на Јордан – еве од каде потекнува оваа дама.
Родена е во Кувајт во семејство на палестински родители. Своето образование го завршила во англиско училиште во Кувајт, а има диплома за бизнис администрација од Американскиот Универзитет во Каиро. Работела кратко како маркетинг агент во локална банка, а потоа добила работа во Apple.
Таа е застапник на идејата дека муслиманската жена треба да носи превез по нејзин избор, а не наметната обврска бидејќи жената има право на тоа. Инаку таа е беше прогласена за најубава прва дама во светот од страна на списанието Harpers and Quenn.
Одликувана е со многу признанија од јорданската влада за нејзината работа.
Неколку детали за кралот Абдула Втори Ал-Хусеин
Абдула Втори Ал-Хусеин е најстариот син на кралот Хусеин со неговата втора сопруга од вкупно четири – принцезата Муна со британско потекло од која ги наследува необично сините очи за арапскиот свет. Титулата што му следува како престолонаследник му е одземена поради политички причини кога принцот има само три години и е доделена на братот на кралот. Простувајќи се со идејата за владеење со народот на Јордан, младоста ја посветува на образование меѓу Англија и Америка, создавајќи цела колекција титули од најпрестижните образовни институции во светот. Токму во периодот кога Ранија се преселува во Аман и тој се враќа дома, станувајќи генерал на Јордан. И додека таа е фокусирана на својата кариера, сонувајќи за сопствен бизнис, него го бие глас на најпосакуван ерген, кој предизвикува воздишки скокајќи со падобрани, летајќи со хилихоптери, возејчи брзи автомобили.
Нивната прва и пресудна средба се случува во јануари 1993 година, кога Ранија ја придружува својата нова колешка на отмена забава организирана од страна на сестрата на принцот Абдула. Како на филм, погледнете случајно им се среќаваат во толпата народ и се раѓа љубов на прв поглед. Ранија не би била вистинска принцеза од приказнита доколку на почетокот не е исплашина од идејата дека се работи за синот на кралот Хусеин. Но, харизмата на ориенталниот принц, авантурите на мотор во пустина, скијањето на вода на Црвеното море, романтичните обиколници со хилихоптер ја оддалечуваат Ранија од нејзиното стаклено ѕвоно. Осум години постариот принц , кој има смисла за хумор, знае да готви и ‘и го посветува целото внимание на светот по само неколку месеци , по придружба на кралот лично, ќе се најде во нејзиниот дом, за на традиционален начин да ја побараат раката од нејзиниот татко.
Свадбата се случува на десетти јуни, невестата блеска во раскошна креација на познатиот англиски дизајнер Брус Олдфилд, со златни мотиви инспирирани од сириските традиционални фустани. Заедничкиот живот на принцот Абдула Втори почнува како на најнормален брачен пар, во апартманот што му го подарува кралот. Веста дека принцот Абдула сепак ќе го наследи тронот по низа заплети и ривалство помеѓу сопругите и помладите синови на кралот доаѓа сосема неочекувано и засекогаш им ги сменува животите.
Kралицаta е безгрешна кога станува збор за модните комбинации, убаво складно скоцкано секој ден ги воодушевува дамите.
Вака треба да изгледа секоја дама, се согласувате ли?