Убавата водителка од „Брза кујна“ во издание со кое никого не остави рамнодушен – жените луди по овие шик високи потпетици!
Иако дојде како замена на Александра Илиевска, публиката одлично ја прифати.
Шармантната Сања Савеска е прекрасна млада дама која одлично се снајде во улога на водителка на популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ и заедно со шеф Никола и шеф Марк секој работен ден ги гледаме на малите екрани.
Интересни и брзи рецепти кои се подготвуваат едноставно и лесно, а на крајот од емисијата еден од тимовите на двајцата професионални готвачи е победник.
После зготвеното јадење публиката, односно камерманите и режијата гласаат за тимот на пиперките на шеф Марк или за тимот на доматите на шеф Никола.
Овојпат Сања избра интересна комбинација со која ги поддржа и двајцата готвачи кои се подеднакво добри.
Имено таа облече зелена блуза и црвено здолниште, а целиот изглед го зачини со интересна марама и салонки во беж боја.
– Во боите на Брза кујна
Затоа што и двата тима се неверојатно добри, а врвните шефови освен што готват фантастично,се и вистински шоумени, па секој работен ден заедно се забавуваме и ви носиме убава енергија – напиша убавата водителка на својот инстаграм профил.
Сања е доста активна на социјалните мрежи и често споделува фотографии додека е на работно место, но и од најблиските и саканите.
Нејзина најголема поддршка во животот, како што самата откри во една пригода, е нејзиниот партнер Томи.
Таа често знае да сподели и фотографии со него и да напише емотивна порака посветена за својот сакан.
„Секој слободен момент го користам да бидам со мојот партнер Томи кој е моја поддршка во сè што работам. Сакаме многу да шетаме во природа, но и да се возиме на мотор. Во старата реалност сакавме да посетуваме концерти и театарски претстави. Секогаш покрај себе имам добра книга, а голем дел од слободното време го поминувам со моите внуци Матеја и Михаил од кои ја добивам најчистата љубов и енергија“, изјави водителката во едно свое интервју.
Сања редовно објавува фотографии на Инстаграм на кои секогаш изгледа тип-топ среден од глава до пети.
Некои од нив погледнете во продолжение …