Реклама
Вирално

Турунџиева ги шокираше сите со она што го објави за Медената хероина – и на Атиџе ли и го прават ова?!

Еве како некои безмилосно ја злоупотребуваат Атиџе - нејзината пријателка се огласи, шок за сите!

Реклама

Како можат да постојат вакви луѓе?!

Познатата македонска водителка, пејачка и писателка Сузана Турунџиева која е многу блиска со хероината од Медена земја, Атиџе Муратова, објави еден статус на социјалните мрежи со кој испрати предупредување до нејзините следбеници.

Имено, таа откри дека некои го злоупотребуваат името на нејзината пријателка и Медена земја, така што продаваат мед како да е нејзин.

Маркетинг

„Поради се поприсутна злоупотреба на името МЕДЕНА ЗЕМЈА, (МЕДЕНА ПЛАНИНА) ‘МЕДОТ НА АТИЏЕ’ повторно и оваа сезона сакам да ве потсетам дека на пазарот секојдневно се појавуваат многу манипулатори кои го злоупотребуваат нејзиното име и продаваат мед од непознато потекло и квалитет“ го започна својот статус Сузана.

„Напоменувам: Атиџе нема голема количина на мед, нема етикети и сама, со божја помош го продава она што го има. МЕДОТ ОД АТИЏЕ е само оној мед кој сте го купиле лично од неа, или јас сум ви помогнала да го набавите. Се друго е само мед со непознат квалитет“, вели Турунџиева во своето обраќање на социјалните мрежи.

Маркетинг

Потсетуваме, Атиџе во една пригода зборуваше отворено за тоа дека преживува само благодарение на пчелите, односно од нивниот мед, бидејќи веќе некое време не прима социјална помош.

Како што изјави тогаш, кога ќе нема пчели, ќе нема ни здравје и дека само на нив се надева, ниту на пензија или пак нешто друго.

Како што изјави самата во едно интервју за „Слободен печат“, пчелите се многу осетливи и тие уште пред да почне летото знаат каква ќе биде следната зима, па така доколку зимите треба да бидат слаби, тие и помалку собираат мед за преку зимскиот период.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Впрочем токму таков е случајот и во последните неколку години, кога оние што чуваат пчели благодарение на нив, односно од тоа што тие собираат помалку мед, знаат дека ќе има поблаги зими.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Атиџе тогаш напомена и дека медот помага за многу болести, посебно ако е природен, а нејзиниот мед е токму таков.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Но заради тоа што многумина сакаат да го пробаат овој мед, некои решиле да го злоупотребат нејзиното име.

Сузана Турунџиева предупреди на оваа појава и ги извести своите следбеници како можат да дојдат до медот на Атиџе.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button