Вести

Турската актерка Ендер од „Забрането јаболко“ ја шокира публиката во Истанбул, а нејзиниот син ги излуде девојките

Advertisement

Турската актерка Шевал Сем која на македонската телевизиска публика ѝ е позната по ликот на Ендер, кралицата на интригите во ТВ серијата „Забрането јаболка“ ужива во својата слава и во новата сезона на оваа многу гледана серија не само во Турција, туку и во светски рамки.

Турските медиуми пишуваат дека откако почнала да се емитува оваа серија на ФОКС голем замав добиле пребарувањата за Шевал Сем.

Advertisement

Фото: Фејсбук

Луѓето се прашуваат која е Шевал Сем, колку години има, од каде е? Во кои ТВ серии и филмови глумела Шевал Сем?

Advertisement

Ноември е месецот во кој е родена актерката Шевал Сем, односно нејзиниот роденден е за неколку дена на 11 ноември. Родена е во 1973 година во Истанбул. За многумина беше изненадување кога разбраа дека Ендер не е само актерка, туку и позната пејачка во Турција. Таа е ќерка на Леман Сем, која исто така е пејачка.

Шевал Сем по завршување на основното образование почнала да посетува стручно училиште за ликовна уметност, а подоцна и студирала на Катедрата за графички дизајн на Универзитетот Мармара.

Таа, како што пишуваат турските медиуми, била во брак со фудбалерот Метин Текин помеѓу 1993 и 1999 година, а од овој брак го има синот, актерот Таро Емир кој исто како и неговите родители е згоден фраер во Турција по кого трчаат младите девојки.

Фото: Фејсбук

Карактеристично за оваа актерка е што на екраните и на сцената можеме секогаш да ја видиме во ексклузивна, супер модерна гардероба, раскошни фустани кои и прилегаат беспрекорно и знае да ги носи како да е родена манекенка.

Оттаму, навистина беше шок кога елегантната Ендер се појавила на сцената на прослава на 15-годишнината на еден трговски центар во Истанбул каде била поканета да настапи како пејачка. Таа била облечена во преубав розев фустан, а на нозете наместо елегантни чевли носела патики.

И секако не престанала да игра во вакво издание. Ваквото модно издание на Ендер, секако дека беше големо изненадување за публиката, но никој не ѝ замери затоа што таа навистина е шик.

Сем, го привлече вниманието со својата розова облека и патики, но и со своето објаснување пред публиката:

„Оваа боја е мојата омилена нијанса на розова боја. Исто така, во последно време имам непријатност во левото колено. Затоа повеќе сакам патики на сцена.

Тоа не е сериозна работа, но многу скокам горе-долу на сцената“, рече позната актерка и пејачка која плени со својата појава во објаснувањето зошто избрала ваков костим и зошто носи патики на концертите.

Инаку, Ендер која во серијата „Забрането јаболко“ постојано е иронична и смислува многу интриги за сите, а најмногу за нејзината ривалка Јилдиз, во приватниот живот овие две актерки не само што се дружат туку покажуваат нескриени симпатии една кон друга.

 

За убавината и талентот на Ендер, односно Шевал Сем, велат дека ја наследила од нејзината мајка, која исто така е убава пејачка.

 

Оваа убава турска актерка по чаршиите на Истанбул може да ја затекнете и во вакво лежерно издание.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button