Трубачи и „дебел бакшиш“ – На големиот празник Водици познатата водителка имаше посебна причина за славење
Поранешната водителка имаше посебен повод за славење.
Убавата и шармантна инфлуенсерка Миа Костова освен празникот Водици, вчера имаше убав повод за славење.
Односно таа го крштеваше својот син Андрија во Охрид, веднаш по осветување на водите на Охридското езеро.
Миа на кратките Инстаграм приказни објави неколку видеа и фотографии од крштевањето во црквата, а потоа и од забавата која следуваше во еден локален ресторан во Охрид.
Миа, Тијана, кумата и уште неколку блиски пријатели се забавуваа со трубачи, а веселата Тијана се качи на стол и танцуваше па и фрли голем бакшиш на музиката.
Весели и насмеани го прославија крштевањето на Андрија.
Миа отсекогаш важела за личност која нема проблем да објави детали од приватниот живот, па можеби толку тоа е и причината што луѓето ја сакаат и почитуваат.
Таа отворено зборуваше за многу теми меѓу кои и за својата врска со Тијана, но и за естетските корекции кои ги има направено на себе.
Јавно призна дека е бисексуалец, а некои нејзини врски беа добро познати на јавноста.
Она што може да се забележи од објавите на нејзините социјални мрежи е тоа дека младата Тијана Скулиќ е нејзина најголема поддршка.
Инаку Миа својата кариера ја започна уште додека беше релативно млада, а тогашната генерација со нетрпение ја чекаше секоја нова емисија на „99 Екшн“, во чиј тим беше и Миа.
Со текот на годините напредуваше и работеше на многу проекти, а последна емисија каде што ја гледавме како водител беше Бекстејџ.