Реклама
Култура[тор]

Трпчески со два концерти на 1 јануари ќе ја започне Новата 2019 година

Реклама

Со два новогодишни концерти на 1 јануари нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески ќе ја започне новата година.

Тој ќе настапи во Хановер на покана од хрватскиот диригент Иван Репушиќ, кој што е шеф-диригент на Операта во тој град.

По Божиќ, пред наша Стара Нова година, по неколку години, Трпчески се враќа во Линколн Центарот на три концерти со Њујоршката филхармонија. Со чешкиот диригент Јакуб Хруша ќе го изведе Концертот број 3 за пијано и оркестар на Прокофјев. Следи нов настап во Белфаст со Вториот концерт на Брамс, потоа 2 концерта во норвешката престолнина со Филхармонискиот оркестар на Осло кој ја одбележува својата стота годишнина. Веднаш потоа со овој оркестар под диригентската палка на Васили Петренко заминуваа турнеја низ Шпанија токму со изведба на двата концерти од Брамс.

Маркетинг

Во февруари, следат изведбите на Концертот број 3 од Рахманинов со Чикашкиот симфониски оркестар на нивната матична сцена, а следат и три концерти во Милвоки. Трпчевски ќе настапи и со Лондонскиот симфониски оркестар во Барбикан.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button