Трите сестри убавици од Скопје имаат убава причина за славење – која од која поубава
Човек не знае во која попрво да гледа.

Честитки пристигнуваат од сите страни до сестрите Грубовиќ.
Некогашната водителка на Бинго, Натали Грубовиќ се вбројува меѓу најубавите жени на нашата сцена.
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
Уште кога се појави на малите екрани веднаш ја освои публиката со својата убавина.
Според фотографиите кои ги споделува на Инстаграм може да се забележи дека времето буквално запрело за неа.
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
Воопшто се нема променето, игледа идентично како на почетокот на својата кариера.
Денес е остварена и како сопруга и како мајка.
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
Целосно се има повлечено од естрадниот живот и максимално се има посветено на сопругот Дрен Глушац и ќеркичката, која го носи името на мама.
На Инстаграм се огласува само кога има специјална причина.
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
По повод роденденот на една од нејзините сестри таа сподели нивни заеднички фотографии.
Дека убавината е наследна, доказ се и другите две сестри на поранешната Мис Македонија.
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
Радица и Марија Грубовиќ се вистински убавици, кои каде и да се појават не може да не бидат забележани.
Радица е доктор на медицински науки, супспецијалист, раководител на Иститутот за трансфузиона медицина Скопје и Претседател на Здружението на трансфузиолози, а Марија работа во Секретаријатот за европски прашања.
Погледнете какви убавици се: