Еден од најпознатите топ модели Хајди Клум (46) се омажи за 17. години помладиот гитарист од германската група „Токио Хотел“ Тим Каулитз.
Парот вчера во кругот на семејството и пријателите на италијанскиот островот Капри го прослави својот брак…Хајди и Том на островот пристигнале со брод. Манекенката блескала во бел долг фустан од чипка, а Том облекол сини панталони, светлосина кошула и темнозелено палто. Изгледале среќно, се смеле и пиеле шампанско, а папараците ги снимале и како разменуваат нежност.
Кога бродот пристигнал младенците со помош на обезбедувањето излегле од бродот, а со друг брод бргу пристигнале и нивните пријатели.Прославата се преселила во ресторанот „Рицио“. Се дружеле на терасата.. Да потсетиме, Хајди и Том веридбата ја обелодениле околу Божик а манекенката веднаш се пофалила со голем дијамантски прстен.
Иако многумина сметале дека разликата во години ќе ги раздели овој пар ги победил сите предрасуди.На невестата ова ќе и биде трета среќа. Хајди со пејачот Сил (56) има три деца – ќерката Лоу (9), и синовите Хенри (12) и Јохан (12). А, со бившиот дечко, италијанскиот бизнисмен Флавио Бриаторе (69) ја добила ќерката Хелена (15).