Реклама
LIFESTYLEВирално

ТРАОРНА НОЌ: Сопругата му го отсекла ПЕНИСОТ со голем нож и ладнокрвно го фрлила во полето

КОЈА БИЛА ПРИЧИНАТА ЛОРЕНА ДА МУ ГО НАПРАВИ ТОА?

Реклама

Џон Вејн Бобит пред 30 години имал кобна ноќ која го направи славен. На 23 јуни 1993 година, во Вирџинија, пред точно 30 години, тој се разбудил и ја видел неговата тогашна сопруга Лорена како му го сече пенисот со нож долг повеќе од 20 сантиметри.

Потоа ладнокрвно излегла до домот и се оддалечила, фрлајќи го отсечениот екстремитет на нејзиниот сопруг низ прозорецот на автомобилот и тоа во поле покрај патот. После тоа застанала, повикала полиција и им кажала што направила.

Откако пристигнала полицијата тргнала во потрага по половиот орган и По исцрпно пребарување, полицајците го пронашле пенисот на Џон, го ставиле на мраз во кутија за хот-дог „Big Bite“ од блиската продавница 7-Eleven и итно го однеле во болница, каде што беше повторно бил зашиен во исцрпувачки долгата повеќе од 9 -часовна операција.

Маркетинг

Ноќта на нападот, 53-годишната Лорена,  била уапсена, а нејзиното судење во 1994 година под обвинение за злонамерно повредување станало медиумски циркус, со маички „Love Hurts“ и чоколади во форма на пенис кои се продавале надвор од судницата. На крајот завршила во лудница.

Тие биле четири години во брак, тука завршила нивната љубовна приказна.

Маркетинг

Џон денес, живее во камион кенворт и патува низ САД во друштво со две прекрасни  чивави, Капкејк и Бисквит.

Три децени по грозоморниот настан, кој комплетно му го променил животот, Џон се одлучил да зборува и да раскаже се за кобната ноќ.

“Ја сакам мојата работа затоа што гледам колку е убава нашата земја. Мојот камион е удобен. Има два кревети и плакар, па е како мал кампер. Кучињата спијат во креветот одзади, а јас повремено застанувам да ги шетам. Прилично се изморувам возејќи го камионот, па „не правам ништо посебно навечер. Можеби гледам малку телевизија или филм. Понекогаш станувам осамен. Животот би бил совршен ако имам девојка која би се возела со мене“, изјавил Џон за британски Сан.

И покрај тоа што жените покажуваат голем интерес за него и го контактираат преку социјалните мрежи тој сè уште има проблем со довербата кон женскиот пол.

„Им се допаѓам затоа што сум згоден и славен, па мислат дека сум богат“, објаснува Џон.

На некој начин има девојка, објаснил за медиумите, но се работи за врска на далечина.

Имам девојка во Ирска која постојано ми се јавува и сака да има деца. Разговараме многу преку видео повици и таа е 18 години помлада од мене, но таа е мила девојка. „Сè уште би сакал да имам деца со вистинската жена. Но, чувствувам дека е премногу ризично да се впуштам во врска со некоја жена“, рекол Џон.

По нападот, тој се обидел да ја искористи својата слава, формирајќи бенд, „The Severed Parts“, за да ги плати неговите огромни правни и медицински сметки. Во 90-тите, се појавил во голем број филмови за возрасни со наслови како што се „John Wayne Bobbitt Uncut“ и „John Wayne Bobbits’s Frankenpenis“.

Често бил предмет на бројни шеги, од американски водители на ток-шоу до стрипови од весници.

 

Вселенското летало Титан на НАСА дури го доби прекарот Бобит откако дел од ракетата се откина при летот.

На Џон дел од форите не му пречеле, напротив славата го правела среќен. Тој дури си го дал и прекарот Стампи, потпишувал ножеви за стек и бил домаќин на промотивни настани во Лас Вегас, каде што ги забавувал жените сечкајќи колбаси и делејќи ги како канапеи.

„Разбирам зошто луѓето се шегуваат затоа што тоа што ми се случи беше толку необично. Жените обично не ги сечат пенисите на своите сопрузи. Но, мило ми е што шегите престанаа бидејќи тоа што ми се случи не беше смешно. Се уште сум лут поради тоа, да бидам искрен“, забележува Џон.

Тој вели дека се е во ред со неговиот светски познатиот пенис. Првично бил предупреден од лекарите дека неговиот екстремитет „може да поцрни и да падне“ во деновите по повторното прицврстување. Но, операцијата била успешна, а лекарите потврдиле дека успеале да му ја вратат „речиси“ целосната функција. Згора на тоа, следната година, Џон направил операција за зголемување на пенисот, но во 2016 година го вратил во старата големина бидејќи, како што вели, неговите партнерки се пожалиле дека е преголем.

КОЈА БИЛА ПРИЧИНАТА ЛОРЕНА ДА МУ ГО НАПРАВИ ТОА?

Лорена на судот се правдала дека го нападнала сопругот само поради тоа што долг период ја малтретирање. Сведоците рекле дека виделе модринки на рацете и вратот и дека неколку пати се јавила на 911.
Тврдела дека Џон им се фалел на пријателите дека ја принудувал сопругата на секс, изјавила  и дека ноќта на нападот пијан се вратил дома и ја силувал. Таа отишла во кујната да земе чаша вода, видела кујнски нож, а потоа ја совладале емоциите. Поротата прогласила дека Лорена не е виновна поради привремено лудило што предизвикува огромна желба за сексуална повреда. Таа била пуштена по 38-дневен престој во психијатриска болница. Следната година, парот се развел по шест години брак.

Таа била маникирката, имигрантка од Еквадор.

Во некои кругови Лорена се здобила со статус на феминистичка хероина, а се појавиле и неколку верзии на маици кои ги слават нејзините постапки.

Славата и помогнала и нејзе така што основала фондација посветена на спречување на семејното насилство. Сепак, таа одби да ги коментира актуелните тврдења на нејзиниот поранешен сопруг.

„Добро сум. Не дозволив инцидентот од пред 30 години да влијае на тоа што навистина сум“, накратко забележала таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button