Кафе муабет

Неверојатно – Позната фитнес ѕвезда се поправи 13 килограми и сега изгледа многу подобро!

Advertisement

Не е необично вљубените во фитнесот на социјалните мрежи да објават фотографии од пред и по постигнатите резултати, но во последно време работите се одвиваат во малку поинаков правец.

Advertisement

Бројките на вагата не се параметар ни за здравје, ниту за среќа, а совршен пример за тоа е Емили Скај, ѕвезда на Инстаграм и позната фитнес тренер. Таа своите следбеници секојдневно ги бодри да усвојат здрави животни навики и да се посветат на вежбање, а како мотивација постојано им ги сервира своите фотографии (а што друго, нели?)

Таа на една од нејзините последни фотографии на социјалните мрежи се пофали дека добила 13 килограми телесна маса, но нема да кажеме дека се поправила. Зошто? По погледнете ја фотографијата и ќе ви стане јасно зошто.

https://www.instagram.com/p/BMePNpPDmp6/

Значи, килограм масти и килограм мускули не се исто и затоа не заборавајте дека е важно својот изглед и здравствената состојба да НЕ ја проценувате во зависност од бројките на вагата.

Кога почнала со тренинзите за сила, била опседната со слабост. Се изгланувала, но и покрај слабоста, не била ниту здрава ниту среќна.

„Со силните тренинзи почнав и да јадам многу повеќе од кога било во животот. Но сега многу сум посреќна, поздрава и посилна од порано, а веќе и не се оптеретувам со тоа како изгледам. Ги обожавам своите мускули и имам повеќе самодоверба од порано, а јадам и тренирам за да се чувствувам добро и за да бидам здрава на подолги патеки, не поради изгледот“ објасни Емили во интервју за сајтот „Hello giggles“.

https://www.instagram.com/p/BME-SKZj3h6/

Основата на нејзиниот фитнес програм е HIIT (high-intensity interval training) кој се фокусира на здравите животни навики, а не на постојаното опсесивно проверување на состојбата на вагата.

https://www.instagram.com/p/BMOgYngj9yz/

Емили го сфати тоа на свој личен пример.

https://www.instagram.com/p/BL6vN9KDTPn/

Па, ако и веруваме на нејзините слики и зборови, ова би требало да функционира совршено, нели?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button