Наши ѕвезди

Тој е еден од ОМИЛЕНИТЕ пејачи на Македонците во Австралија, а оваа убавица е жената што МУ ГО ОСВОИ СРЦЕТО

Advertisement

Тој е еден од најбараните македонски пејчи, а неговото семејство е неговото најголемо богатство.

Advertisement

Фолк-пејачот Ѓоко Јовиќ во моментов е еден од надобрите пејачи во земјава, кој пред да започне пандемијата коронавирус имаше закажани настапи со месеци однапред.

Со неговиот глас, емотивните изведби ја освои публиката. На неговите настапи во македонските локали секогаш беше преполно од луѓе, а тој и тоа како умее да направи незаборавна атмосфера. Имаше настапи во земјава, но и надвор од нашите граници. Ѓоко е особено популарен во дијаспората.

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

Но, неговиот пат до популарноста не бил лесен. Успехот кој го има постигнато не е случаен. Зад него има многу хитови, вложено многу труд и макотрпна работа.

Advertisement

Ѓоко потекнува од Валандово, од земјоделско семејство. Тој порано заедно со нив работел со тутун и воопшто не се срами од своето минато, па секогаш отворено зборува за тоа време. Вели дека секогаш е подготвен повторно да го работи тоа.

За „Женски магазин“ тој откри кој е најважниот совет кој некогаш го добил од својот татко: „Сине, јас можеби не сум ти дал богатство, но сум направил сите да зборуваат за тебе само убаво. Сум оставил чисто лице“. Тие зборови ќе ги паметам цел живот, вели Јовиќ.

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

Како и многумина, така и тој, во потрага по подобар живот и нормална егзистенција одлучува да се пресели во главниот град, каде доживува целосен пресврт.

За сѐ она што го смета како благослов во животот благодарен му е на Бога.

Во негоата професија мноу е важна поддршката од партнерот, за еден пејач да може да напредува. Токму тоа Ѓоко го пронашол во жената со која долги години дели и добро и лошо.

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

Во брачните води плови заедно со Ивана, а круна на нивната љубов се нивните три деца Теодора, Михаил и Јоан.
Пејачот е и доста активен на социјлните мрежи, кои се преполни со фотографии од неговото семејство. Она што многумина ги воодушевува е изгледот на Ивана, која плени со отменост и грциозност.

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

Ѓоко и Ивана на лудиот камен тапнаа пред повеќе од 13 години, но судејќи според фотографиите на социјалните мрежи и двајцата изгледаат вљубено како првиот ден.

Во неколку наврати Ѓоко откри дека неговата ќеркича е тотален слхист, исто како и Михаил кој е еден од неговите наследници. Смета дека и Јоан е талентиран, но дека епак времето ќе покаже за која професија ќе се одлучат децата.

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

Дека тие имаат афинитети да тргнат по неговите стапки покажуват и видеата кои Ѓоко ги објавува на социјалните мрежи, а на кои е гледа дека и неговите деца имаат одлични вокални спообности.

Велат дека сакаат да пеат и дека еден ден ќе го заменат својот татко.

Како што вели, животот не му бил секогаш благонаклонет, но се радува што сега е реализиран човек, среќен татко и сопруг.

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

Поради пандемијата коронаирус која о тресе светот, се случија многу пресврти во животот на сите нас.

Во Македонија сѐ уште е на сила полицискиот час кој започнува од 20 часот навечер, до 05 часот наутро. Владата донесе и одлука за целосно затворање на угостителските објекти и казината.

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

Поради ваквите мерки музичарите немаат каде да настапуваат и поради тоа немаат ниту никаков прилив на пари.
Многумина од музичарите одлучија да ја сменат професијата привремено, досека не заврши целосно лудилото околу панемијата.

Многу од нив пак е радуваат на слободното време споделено со семејството.
Ѓоко кој важи за голем работник, ниту за време на пандемијата не мируваше и работеше на својата нова песна.

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

Минатата годин тој го објви и новиот видеоспот з песната „Ѕвезда најсветла“.

„Песната е испеана и посветена за публиката, но да бидам искрен, и за мојата сопруга Ивана која секогаш ми е најголемата поддршка за се што правам, и која ми е најголемата причина за среќа со тоа што ми подари три дечиња.

Објавена е во време на пандемија предизвикана од вирусот баш со цел да ги охрабри и развесели сите слушатели, и да испрати една порака дека музиката е вечна, дека ништо, па и една ваква пандемија не може и нема да ни го скрати задоволството да уживаме пак сите заедно. Јас на тоа искрено се надевам и посакувам да се случи во што побргу“ – вели Ѓоко за песната.

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

Во продолжение погледнете повеќе фотографии од него и неговото семејство:

 

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Ѓоко Јовиќ / Инстаграм

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button