Тој ГУБИТОК не може да го прежали: Емотивна исповед на Сузана Манчиќ за најтешките моменти од животот

Сузана Манчиќ прозборе за сите актуелни теми од својот живот.

ТВ лицето Сузана Манчиќ гостуваше во една позната српска емсија и прозборе на некои теми и детали од својата приватност, а во таа прилика открила каков и е денес животот во Атина.
– Јас до Атина одам со авион, многу далеку би била ако би возела.Ситауццијата е малку подобра, а на улица и понатаму се носат маски, некои носат и дупли маски во рестораните и за тоа ми е многу жал.

Вакцинацијата е во тек. Јас се уште не сум вакцинирана, имама антитела во пораст, па ми е глупаво иако морам постојано да правам ПЦР.
Немав некои силни симптоми и на време реагирав, сите кои така реагираа поминаа исто како и јас. Оние кои чекаа не завршија лесно, некои колеги, пријатели соседи ги загубивме. Кога ќе го погледнам именикот, жал ми е да го избришам бројот.

Сузана во оваа прилика прозборила за убавината која како што вели и донела многу убавини во животот.
– Не мора да значи дека сите се во депресија и дека не сме се дотерувале и шминкале за време на карантинот.

Јас дури и кога имав корона во ноември, станував за да се нашминкам малку за да заличам на нешто, на себе да си бидам убава.
Убавината ми донесе многу убави нешта, а всушност ништо не ми донесе. Убавината е дар од Бога и треба да се негува, но да не се потпирате само на надворешен изглед, мораш да бидеш и паметен, образован за да можеш да ја работиш оваа работа.

Да пратиш што се случува во светот да слушаш некоја убава музика. Наутро кога ќе се разбудам, јас сакам лесна музика и никој да не ми зборува.
И така ми започнува денот, имам свој ритуал, кафе, миење со ладна вода. Зажелив за кафеана, добри тамбураши, добро друштво и тоа што приметив кај себе и што многу ме загрижи, навикнав на самотија, да седам дома и да гледам серии, како некоја баба.

Сузана прозборе и за разводот, но и за тоа како е да се биде самохрана мајка.
– Ништо не е тешко кога си Сузана Манчиќ. Бог ме виде и кога се разведов, немав работа немав приходи, но одеднаш се се случи.

Не се мачев многу јас како самохрана мајка. Да се биде саохрана мајка за една обична српска жена е друга приказна, но за мене не беше така.
Машка фигура секогаш имало, но најтешко ми беше кога ми замина мајка ми, тоа беше голем удар за мене. Мажите не можат нешто да помогнат.

Водителката признала дека ужива во љубовта и дека разделбата поради короната тешко и паднала.
– Ние сме во брак веќе три години и ние сме во зрела доба, тоа е нешто што навистина може да функционира.

Сакаме слични работи, се радуваме на слични работи, патуваме по светот. Драгоцени ми беа неговите совети во некои моменти.
После се тоа се проемни, љубовта фунцкионира, секогаш бара во 10 часот навечр да види каде сум , рекла Сузана Манчиќ во емисијата.
ФОТО:Сузана Манчиќ / Инстаграм
ФОТО:Сузана Манчиќ / Инстаграм
ФОТО:Сузана Манчиќ / Инстаграм