Вирално

Тие го редефинираа зборот „дедо“ – важат за најсексапилни мажи и сите имаат преку 50 години

Advertisement

Стареењето е неизбежно, но тоа не мора да значи дека квалитетот на вашиот живот ќе се промени со текот на времето.

Advertisement

Тоа најдобро го докажуваат овие, слободно можеме да кажеме момци, кои ги воодушевуваат жените низ целиот свет, а длабоко газат во петтата, па и шестата деценија од животот.

Тоа дека ќе изгледате добро ако се чувствувате добро, најдобро го потврдуваат мажите кои го редефинирале својот изглед и на овој начин ги уништуваат стереотипите.

Advertisement

Чуандо Тан е 51-годишен фотограф од Сингапур, а неговите (разголени) фотографии ги воодушевуваат и мажите и жените. За него времето како да стои, а Чуандо вели дека за тоа се виновни генетиката и редовните тренинзи.

Шеесет и двегодишниот Филипе Думас пред неколку години одлучи да експериментира со својот изглед. Пушти дебела брада и го промени својот стил на облекување. Неговата кариера започна откако почнаа да го сопираат на улица и да коментираат за неговиот изглед и стил. Помисли дека може да биде модел и модните агенции веднаш го прифатија.

Следува 51-годишниот италијански милионер Џанлука Ваки кој стана интернет-сензација откако на својот профил на Инстаграм објави видео на кое се гледа како танцува со својата девојка на јахта.

Завидлива кариера на модел во 50-тите години од животот има постигнато и атрактивниот Ејден Брејди.

Ерик Рутерфорд исто така е 50-годишно момче кое привлекува големо внимание кај понежниот пол.

Дека годината нема никаква врска со изгледот и стилот го докажува и Италијанецот Алесандро Манфредини.

Тука се и педесетгодишните Ирвин Рандл како и Рон Џок Фоли и Шон Мајкл Хелфи.

Најстариот од овие атрактивни мажи е 82-годишниот Дешум Ванг, кој минатата година и официјално беше прогласен за „најзгодниот дедо во Кина”.

Па, ако сакате и во вашиот случај педесеттите години да ви бидат најдобри во животот, не чекајте воопшто туку веднаш почнете да се грижите за себе, да бидете активни што е можно повеќе и здраво да се храните.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button