Реклама
Вирално

Темната страна на чудотворен лек против акни: Две девојчиња (15) откако ги излекуваа мозолчињата се збогуваа со животот

Реклама

Се до 8.30 часот во средата вечер, на 1 мај минатата година, Анабел Рајт изгледаше како типична тинејџерка, популарна на училиште, повторувајќи во својата соба за испитот по шпански и повремено зборувајќи со пријателка која тогаш ѝ потврдила дека ќе дојде заедно со Анабел и нејзиното семејство на одмор во Шпанија тоа лето.

Но тогаш, се случи хорор во семејството, 15-годишното девојче си го одзеде животот во својот семеен дом во Рипон, Северен Јоркшир.

Маркетинг

Анабел не страдала од депресија и нејзиното збогување со животот дошло сосема неочекувано за нејзините блиски. Родителите се убедени дека нивната ќерка била обземена од суицидни мисли поради Роакутане (Roaccutane), лек против акни која таа го земала последните 6 месеци.

„Знам дека Анабел не сакаше да не напушти“, вели мајката Хелен Рајт (49) за магазинот Гуд Хелт. „Што и да ја удри, ја удри како силен бран“.

Маркетинг
Анабел Рајт

Во ужасните месеци кои следуваат, Хелен и нејзиниот сопруг Сајмон (55) дознале дека други млади луѓе во Велика Британија и во САД си ги одзеле животите откако им бил препишан овој лек.

Сега нејзините родители се убедени дека Анабел била обземена од самоуbиствени мисли поради лекот Роакутан.

Во Роакутанот (или Акутан – името на брендот во САД), активна состојка е исотретиноин, супстанција поврзана со витаминот А и развиена во 1980 година во швајцарската компанија Рош.

Првичниот третман за рак на кожата, се покажал како многу ефективен во третирањето акни, намалувајќи го количеството на себум, масна супстанца која ја создава кожата.

Анабел со својата мајка Хелен Рајт

Лекот им помогна на илјадници млади со проблематичка кожа во Британија откако е достапен од 1983 година.

На веб сајтот на Британската асоцијација на дерматолози, стои дека после третманот со овој лек, кој трае од 16 до 24 месеци, девет од десет пациенти „имале значително подобрување со акните“.

Но исотретиноинот е поврзан со сериозни нус појави, меѓу кои се и низа сериозни нус – ефекти како малформации на плодот кај бремени жени, според извештајот на Гуд Хелт, сексуални дискфункции и самоуbиство кај млади мажи.

Статистиката покажува дека младите мажи, посебно се во ризик да си го одземат животот додека земаат или откако го користат лекот. До крајот на јули во Британија се регистрирани 71 самоуbиство меѓу млади мажи на возраст од 19 до 29 година, од 1983 година.

Но, трагичната загуба на животот на Анабел Рајт и сличното самоубиство на младо девојче во САД, од пред два месеци е силно предупредување дека девојчињата и младите жени исто така се ранливи на ужасниот нус ефект на исотретиноинот.
Ова доаѓа откако се зголеми употребата на лекот, а бројот на самоуbиства поврзани со него почнал да расте, стои во анализата на Гуд Хелт.

Анабел Рајт

Речиси 15 месеци по трагичната загуба на животот на Анабел, мајката Хелен храбро одлучи да зборува за тоа што се случи, со надеж дека ќе ги заштити другите семејства.

-Дента кога си го одзеде животот, ние вечеравме заедно со нејзината баба Максин, која престојуваше кај нас една недела, раскажа Хелен за Гуд Хелт.

„По вечерата Анабел го погали нашето куче Монти, кое тоа утро скокна на нејзиниот кревет и ја разбуди лижејќи го нејзиното лице. „Ќе ме будиш вака секое утро?, праша Анабел. Таа не знаеше дека никогаш повеќе нема да се разбуди.

После вечерата, нејзината мајка и баба го однеле нејзиниот 12-годишен брат Вилијам во клуб и отишле да прошетаат. Анабел имала домашни задачи, па решила да остане дома.

Околу 8.15 часот таткото на Анабел, Сајмон, самовработен бизнисмен, се вратил од работа и се качил во нејзината соба да си позборуваат.

„Тој имаше совршено нормален разговор со неа“, вели Хелен. „Ја прашал како го поминала денот и за испитите што ги подготвувала и таа нормално си зборувала со него“.

Тоа попладне, Анабел исто така разговарала со пријателка која со нив требало да оди на одмор. „Нејзината мајка тукушто ѝ го плати авионскиот билет и девојчињата беа толку возбудени за одморот што требаше да го поминат заедно“, вели Хелен. И тогаш се случи неочекуваното.

Само 15 минути по разговорот со таткото, Анабел се симнала во кујната и се вратила во собата. Нејзината баба, која сакала да си поприкаже со девојчето по враќањето од прошетка, ја пронашло Анабел.

„Дојде брза помош и полицијата и на лекарите им требаше долго време да ја вратат во живот, но беше доцна. Вилијам кој наредната недела требаше да наполни 13 години виде се, откако ја најдовме Анабел, вели Хелен. Никогаш нема да се помирам со тоа и никогаш не можев.

Во исто време, вели таа, немавме никаква индиција дека такво нешто ќе се случи. Јас само знам дека таа не сакаше да не напушти, бидејќи немаше да прави планови, да учи за испит и немаше да застане да го праша кучето дали ќе ја буди така повторно наутро?

Подоцна се покажало, дека еден час откако со пријателите зборувала колку е возбудена, Анабел им испратила порака со три збора: „Се чувствувам потиштено“.

Мајката сега длабоко жали што ја убедила Анабел да го зема лекот Роакутан. Пред тоа го земала антибиотикот лимециклон речиси една година и проблемот со акните значително ѝ се подобрил.

Спорниот лек против акни на компанијата Рош

Но матичниот лекар на средбата во септември 2014 година изразил загриженост дека Анабел од него може да развие резистентност на антибиотици и препорача да одат на дерматолог, зошто кожата не и била перфектна, а можело да и се подобри.
Дерматологот препорачал веднаш Анабел да почне со Роакутан, зошто има ризик да и останат лузни.

„Таа ја заплаши Анабел дека мора да го зема. Ја имав прочитано дека лекот предизвикувал на самоубиства кај деца во САД, но дерматологот рече – со овие зборови – „може да спориме дека тие деца си ги одзеле животите бидејќи биле депресивни поради нивната кожа“.

„И јас и поверував. Но сега знам дека за повеќето деца овој лек е ефикасен и им помогнал со акните, и тие не се обиделе да се самоубијат кога нивната кожа била лоша – како на Анабел, но тие тоа го направиле кога кожата веќе им се подобрила“.
Анабел почнала да зема 20 мг Роакутан дневно, што е вообичаено доза, на 14 ноември 2018 година. На следниот состанок, еден месец подоцна, дозата ѝ е зголемена на 30мг.

Според податоците на дерматологот, изгледот на нејзината кожа значително се подобрил – од петиот степен на скалата за градација на акните, која почнува од 0 (без акни) до 10, таа тогаш падна на првиот степен.

Кога Анабел отишла сама кај друг дерматолог во март имала на лицето целосна шминка и докторот не можел да констатира во каква состојба ѝ е лицето па и препишал доза од 40 мг, што според мајката било многу и непоребно.

Што се однесува до нус – ефектите, уште во 2014 година Регулаторното тело за лекови во Британија, повторно разгледувајќи го лекот, напишало дека лекарите треба да внимаваат на можен ризик од психијатриско нарушување поврзано со исотретиноинот како и да „ги набљудуваат сите пациенти дали имаат знаци на депресија и да препорачаат соодветен третман ако е потребно“.

Но Анабел никој не ја предупредил за можните психијатриски нус ефекти од лекот, единствено на нејзината последна средба со дерматолологот на 1. мај 2019 година и поставил само едно прашање: „Какво ти е расположението?“, а Анабел рекла „Добро“.
Тогаш дозата на Анабел е намалена на 30 мг, и таа веќе привршувала со третманот, но 5 часа подоцна го оконча својот живот.

Според податоците во Британија од 71 пациент кои си го одзеле животот користејќи го овој лек, само 8 се девојчиња или млади жени, додека во САД постои повисок степен кај девојчињата – дури 20 отсто или 428 забележани самоубиства поврзани со лекот.

Едно од тие девојчиња во САД е Кортни Морис, 15 годишна ќерка на Сислејн, болничарка. Кортни си го одзеде животот на 11 мај оваа година, само 4 години откако ѝ е препишана доза од 40 мг Акутан, двапати дневно.

Кортни Морис

„Се уште сум во шок од она што ѝ се случи на мојата ќерка“, вели Сислејн која живее со сопругот Тони и нивната постара ќерка Мекензи, во Випи, Ајдахо.

„Со цело срце верувам дека овој лек и го зеде животот на мојата ќерка. Овој лек не може да продолжи да се препишува“, вели мајката Сислејн.

Кортни имала со години проблеми со акните. Пробала со антибиотици и медицински креми за лице пред да го земат во предвид исотретиноинот, вели Сислејн. Кога дерматологот и рекол да го земе лекот, мајката се противела зошто прочитала за поврзаноста со депресија, но докторката ја убедила дека имало случаи кога млади мажи извршиле самоубиство и за тиа случаи се припашани на лекот, па фармацевтските компании, за да не ги тужат, морале да наведеат дека има и такви нус ефекти.

Дента кога Кортни си го одзела животот, нејзината мајка и сестрата Мекензи заминале на прошетка без неа. Таа останала дома за ги заврши домашните задачи. „Пред да излезам околу 11.30 часот и реков дека ја сакам и дека ќе се видиме за кратко“, вели Сислејн.

Кортни не и одговорила на двете смс пораки што мајата и ги пратила во текот на денот. Кога се вратила дома околу 4.30 часот го нашла своето дете починато. Како и мајката на Анабел, и таа тврди дека Кортни не страдала од депресија.

„Имаше семејство што ја сакаше, добри пријатели, беше добра на училиште, се занимаваше со спорт и немаше трауми или ментални проблеми. Пред да си го одземе животот имаше планови со пријателка да оди на кајакарење и имаше договороно таа недела да чува деца во едно семејство.

Кортни Морис

Два дена претходно се радувала што ќе почне со часови за возење кола, и што ќе ги извади протезите од нејзините заби. Накратко, вели мајката – немаше никакви знаци. Таа правеше планови за иднината.

Мајката го пребарувала телефонот да не најде нешто, и на крајот заклучила дека „единствено нешто што има логика е дека овој лек и предизвикал суициден импулс“.
„Чувствувам вина зошто и дозволив да го земе. Требаше повеќе да истражувам, да поставувам повеќе прашања, но ми рекоа дека тешко дека ќе се појави депресија. Сега морам да продолжам да живеам без моето дете. Знам дека нема да си го вратам детето, но сакам да ги предупредам другите родителите за можните нус- ефекти.

Рош кој го произведува лекот ја негира одговорноста дека тој предизвикува депресија и самоуbиство.

Портпарол од компанијата соопшти: „Милиони пациенти ширум светот го користат Роакутан, но како и сите други лекови има нус ефекти. Затоа препорачуваме да биде препишан многу внимателно, со посебно внимание врз претходни проблеми со депресија.

Во три студии направени за лекот во периодот од 2012 до 2019 година, покажано е дека нема значително поврзување на депресијата и исотретионоинот ниту било каква врска меѓу исотретиноинот и депресивните болести.

Рош запре со продажбата на Акутан во САД во 2009 година зошто им опаднала побарувачката драстично и поради стравување од тужби на пациентите. Рош престана да го продава Роакутанот и во повеќе земји како Германија, Франција и Шпанија поради “бизнис причини“, но се уште се продава во Велика Британија.
Таму во декември минатата година требало да се прави нова студија за лекот, но процесот запрел поради падмијата од ковид-19.

„Не можеме да ја вратиме назад Анабел. Но може да работиме другите луѓе да бидат свесни за вистинската опасност од овој лек“, е пораката на нејзианта мајка Хелен Рајт.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button