Тело за чиста 10-ка: На Антониа Гиговска промената и напорното вежбање и годат- изгледа како никогаш досега
Младата и талентирана пејачка покажа завидна фигура, а ги покажа и стомачните.
Антониа Гиговска откако ослабе и изгуби 25 килограми, а сега изгледа подобро од било кога.
Таа неодамна беше во Турција каде позираше во бикини и го покажа своето тело кое го доведе до совршенство, а сега се пофали со стомачни во краток топ додека вежбаше.
„Работа, работа и само работа“ напиша Антониа веројатно алудирајќи на тоа дека напорното вежбање се исплати, но потребно е многу труд.
Убавата Антониа е позната и по храбрите стајлинзи кои само таа умее како да ги носи и на неа тоа да изгледа убаво.
Облечена во „оверсајз“ сако, зелени тренерки и чипкан топ, додека на нозете носеше бели чизми Антониа објави неколку фотографии, а не изостана и една фотографија и со нејзиното момче.
Нејзините фанови воодушевени коментираа дека Антониа изгледа преубаво, а за храбриот стајлинг доби чиста 10-ка.
Според последните фотографии кои таа ги објавува на социјалните мрежи евидентно е дека Гиговска работи на себе, а сега фановите забележаа дека таа можеби направила корекција на усните, па веднаш коментираа дека изгледа преубаво.
„Барбика“, „Перфекција“, „Преубава“ … беа само некои од коментарите со кои нејзините фанови ја опсипаа.
Гиговска неодамна на Инстаграм објави фотографија со која ги изненади сите со трансформацијата која ја направи.
Со вежбање и начин на исхрана Антониа својата линија ја доведе до совршенство, па секојдневно споделува фотографии во бикини, но и во оскудна облека.
Таа музичката кариера ја започна во шоуто „Пинкови Ѕвездички“ каде го освои жирито со својот глас и од емисија во емисија го освојуваше и целиот регион, а стручното жири во шоуто имаше само пофални зборови за неа.
Антониа за првпат застана на сцена на 14 години, а потоа и победи.
-Покрај моите родители, најголема поддршка имав од Иван, поради тоа што тој е во таа фела. Тој е музичар, тој знае најдобро да ми каже, во финалето негов предлог беше да ги пеам ’Proud‘ и ’I’ll never love again‘, со тоа што за ’I’ll never love again‘ премногу ми помогна за тоа како да ја изведам.“ рече тогаш Антониа во интервју за „Хаштаг“.
Гиговска е во врска со Иван Јованов од „Либеро бенд“ со кој често објавува фотографии на својот Инстаграм профил.
„Ние се знаеме одамна колегијално. Ниту се дружевме, ниту помислив на тоа во ниту еден момент. Се видовме на свадба, јас ја отворав свадбата, ја пеев првата песна, тие свиреа … Оттогаш започна се“ открива Гиговска во „Живот со стил“.