Наши ѕвезди

Теа и Андреа се вистински убавици: Маја Оџаклиевска ужива со своите две ќерки

Балканската поп-дива сподели стара фотографија со нејзините две наследнички.

Advertisement

Маја Оџаклиевска покажа фотографија од насловната страница на македонки магазин и ги воодушеви фановите.

Својата музичка кариера Маја ја започна уште на свои 15 години, а денес може да се пофали со безвременски хитови, многу успешни концерти и освоени награди.

Advertisement
ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

Меѓу најголемите хитови на Маја Оџаклиевска се: „Многу солзи“, „Шила“, „Лиду лидуду“, „Не допирај ме“, „Биди добар како што сум јас“, „Среќо кажи“, „Само сеќавања“, „Сребрени улици“.

Нејзиниот неверојатен глас и талент за музика ѝ донесе популарност на целата територија на поранешна Југославија.

Advertisement
ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

Долги години Маја веќе живее во Србија, а денес ужива во својата пензија и мирот кој го има во својот дом.

Нејзино најголемо богатство ѝ се ќерките Теа и Андреа.

ФОТО: Инстаграм / Андреа Оџаклиевска

– Жртвував добар дел од мојата кариера да бидам постојано со моите ќерки. Ги носев насекаде, работејќи паралелно, но и избирајќи дестинации за да бидам со нив.

Самохраните родители најдобро знаат колку е тешко да се одгледуваат деца без помош на баби, тетки и други роднини.

Не велам дека тие не ми помагаа, но најголемиот дел од товарот падна на мојот грб, и тоа е многу тешко. Уште потешко е кога имате две деца.

Одговорна е и физички напорна работа, ако сакате да сторите сè како што треба, изјави своевремено Маја.

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

И Теа и Андреа пораснаа во витинки уавици, а доказ за тоа се фотографиите на нивните социјални мрежи.

Нивната мајка сподели стара фотографија од насловната страна на македонски магазин, на која позира со своите наследнички.

Погледнете како изгледале во 2003 година:

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button