CelebrityНовости

Тања Савиќ изнесе нови шокантни детали за нејзиниот сопруг – ПОТРЕСНА исповест заради која ќе ви потечат солзи на очите

Advertisement

Проблемите на пејачката не престануваат

Advertisement

Откако неколку месеци молчеше и не сакаше да зборува за оваа тема, познатата пејачка Тања Савиќ конечно реши да ги открие сите детали поврзани со нејзиниот сопруг Душан и нивните синови Ѓорѓе и Максим, кои без нејзина согласност, се одведени од нивниот татко во Австралија

„Секако дека ми е страв тој во мое отсуство да не ги придобие децата на своја страна бидејќи на момчињата им е важна фигурата на нивниот татко. Тој им е пример, а не можете од некој што има десет години да очекувате реално да ја процени ситуацијата“, ја започна својата тажна приказна за „Hello magazin“, познатата пејачка.

https://www.instagram.com/p/BxAX9-QBd49/

Advertisement

https://www.instagram.com/p/CEMfr38BRdA/

https://www.instagram.com/p/BubToYchIex/

https://www.instagram.com/p/Bqz5M_Uh5fe/

https://www.instagram.com/p/BitoQOagYxn/

 

„Всушност откако малку пораснаа тие и самите му зборуваа – ‘Немој тато да пиеш’. Тој им вети дека нема, но зборот го држеше само до првата прилика. Ситуацијата ја отежнуваше тоа што Душан кога ќе се налути е поприлично незгоден и избувлив. Мислам дека сите жени кои барем некое време поминале со некој што е склон кон алкохолот знаат за што зборувам. Тој не сфаќа дека родителите, сакале тоа или не, прават модели на однесување што децата потсвесно го усвојуваат. Не сакам некој од нив двајцата еден ден така да се однесуваат кон своите сопруги. Сакам тоа да го спречам, ако веќе не е доцна“, вели таа.

„И јас се прашував себеси зошто го трпев, но се тргнува од фактот дека го сакав. Толку бев вљубена што го гледав само него. Верував дека е вистина се што ќе кажеше. Успеа во голема мера да влијае и на мојот однос со родителите, па некое време и со нив бев скарана. Низ животот секогаш чекорам онака како ме води срцето, не сфаќајќи дека имам работа со сериозен манипулатор. Тоа дури сега го гледам“, заклучува пејачката.

Тања истакна и дека првенствено верува во Господ но и дека е сигурна дека правдата на крајот ќе победи.

https://www.instagram.com/p/BZ-C0EFBEId/

https://www.instagram.com/p/BWb-ja8hY_S/

 

„Прво, верувам во Господ. Секогаш им помагав на сите што можев, а од денот кога го запознав Душан немам направено ништо со што би го повредила или засрамила. Баш ништо. Верувам дека правдата мора да победи“, вели пејачката за „Hello“ и додава дека австралиските служби ќе мораат детално да се заинтересираат за нејзиниот случај.

„На децата им е потребна мајка. Близината на таткото кој е склон кон пopoци сигурно не може да биде во нивен интерес. И во Австралија ќе одам доколку судот го бара тоа од мене, но сигурно нема да одам сама.“

https://www.instagram.com/p/BWBMS2ThA4w/

 

„Австралија е прекрасна земја, но џабе ти се морето и добрите услови за живот, ако во куќата немаш среќа. Во овој момент можам само да го чекам одговорот на социјалните служби на Австралија. Можеби децата ќе одат на разговор, а јас имам во предвид дека тие веќе четири месеци се под влијание само на својот татко. Во изминатите две години правеше сé мојот ангажман околу нив да го сведе на минимум. Ме убедуваше дека губам време додека го правам она што го прават сите мајки, како што е облекување на децата. Ми велеше дека не сум доволно добра“ – раскажува Савиќ за „Hello Magazin“.

„Пcихички ме yништуваше, но јас сето тоа го трпев сметајќи Нека, важно е само да има мир. А тој го подготвуваше теренот за ова сега.“

„Ќе и дадам само еден пример. По еден настап дома донесов пари, а тој ги зема и за себе купи нов лаптоп, на децата скапи подароци и ете – таткото е дарежлив. Во исто време мајката што заработува користи телефон на кој екранот му е пукнат. Сите пари беа кај него. Ми зборуваше дека не знам со пари, дека лесно ги трошам…“

„Во нашето семејство само јас работев, а Душан нема ни еден ден работен стаж“, вели познатата пејачка и додава дека и покрај тоа што парите во овој момент не и се важни, мора да додаде дека во април сопругот и ја однел целата заштеда.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button