Татјана и Новица уживаат во куќата од своите соништа – ѕирнете во РАСКОШНИОТ дом на познатиот пар во Австралија

Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица Василевски започнаа нов живот во Австралија.

Тие сега живеат во Мелбурн, Австралија, а од Македонија замина пред пет-шест години.
Тие таму се заедно со двајцата синови, Стефан и Петар, а неодамна се вселија во својата нова куќа.
Куќата е во склад со нивните желби и потреби, а и двајцата ја уредуваа така што се подеднакво горди на неа.
Нивната куќа секогаш е полна со добри и позитивни луѓе, а Татјана и Новица посебно се радуваат кога ќе им дојдат колегите од Македонија, па ќе ги удостојат со убава седенка и дружба. Впрочем тоа можеме да го видиме и од фотографиите што Лазаревска ги објавува на социјалните мрежи, а на една од нив тие уживаат со екипата на телевизија „ИН“, како и дел од членовите на познатиот Оркестар Маестрал од Битола, кои тогаш беа на турнеја во Австралија.

На пејачката омилено место во куќата и е дневниот престој каде може максимално да се опушти и да гледа филмови, а како што самата изјави во една пригода, за мезето речиси секогаш е задолжен нејзиниот сопруг за кој признава дека одлично се снаоѓа во кујната. Таа сподели и фотографија од нешто што изгледа навистина вкусно, кое најверојатно го направил Новица, а неодамна сподели и видео со кое ни откри уште една тајна за нејзиниот сопруг.

Имено, за време на карантинот на почетокот од емидепијата со корона вирусот, фолк пејачката покажа дека Новица е умешен и во разубавување на жената.

Од видеото можеме да видиме дека Новица е совршен сопруг – и ја бојадисува косата и се смее, што значи ужива во тоа. Но, кога некој некого сака, такви работи не само што се нормални туку и се симпатични. Посебно кога ќе видите како на еден маж не му е тешко да направи се’ за својата сакана…

Инаку, фолк-пејачката е позната и по тоа дека сака да експериментира со својот имиџ, посебно со косата, па најверојатно и бeше многу тешко додека траеше карантинот и не можеше да оди да го посети својот фризер.

Но затоа таа во последно време го надомести тоа.

Таа речиси секоја недела е со нова фризура, а во моментов и е кратка и во платинеста нијанса.

Погледнете некои од нејзините фотографии…









