Наши ѕвезди

Таткото на најпознатиот јутубер на Балканот е свештеник, а оваа жена му беше поранешна сопруга

Advertisement

Српскиот познат јутјубер Бака Прасе, односно Богдан веќе сите добро го знаеме, а сега испливаа нови детали за неговиот татко.

Advertisement

Имено таткото на Бака Прасе бил во брак со познатата српска водителка Оља Бечковиќ која откако ги завршила студиите по глума на Факултетот за драмска уметност во Белград, се омажила за Ненад Илиќ.

„Тоа беше младешка љубов која брзо се круниса со брак. Сето тоа некако се случи набрзина нивниот случај, па разводот дојде брзо. Колку што знам, тие се запознаа на факултет, Ненад беше професор на Оља, иако тој беше неколку години постар од неа, родителите на Оља не беа воодушевени што сакаше да се омажи толку млада, но и тие не се спротивставија на нејзината одлука, тие веројатно беа убедени дека наскоро ќе се покае и дека оваа млада двојка ќе се разведе“, изјави извор кој откри дека разводот поминал без проблеми.

Во тоа време Ненад Илиќ бил асистент на ФДУ а генерацијата актери на кои и припаѓала Оља биле едни од првите на кои тој им предавал.

Advertisement

„Често имаа различни мислења и се караа, па затоа одлучија да се разведат“ открива нивни близок извор за српски „Курир“.

Тој наведува дека секој од нив заминал на различни страни.

„Оља се посвети прво на глумата, а потоа и на лидерството, додека Ненад подоцна отиде да студира теологија, а во меѓувреме повторно се ожени и го доби својот син, Бака Прасе, односно Богдан, а неговиот брак продолжува до денес“, открил изворот

Во едно поодамнешни интервју Ненад Илиќ кој е свештено лице, рекол дека има само еден црквен брак и тоа е со неговата сегашна сопруга.

„Сè пред овој мој црковен брак е праисторија. Сè е праисторија, јас живеам во сегашноста“ рекол Ненад.
Оља досега се нема огласени, ниту пак дадено коментар на оваа изјава.


Како што веќе споменавме тој е татко на еден од најпознатите јутјубери на нашиве простори кој на сите ни е познат под прекарот „Бака Прасе“ кој постојано се фалеше со нови автомобили и луксузот во којшто живее.

Во едно од неговите последни видеа тој ги повика своите родители во новиот луксузен стан со базен кој чини 2.5 милиони евра.

„Ти всушност живееш на базен?“ констатираа неговите родители, коментирајќи дека тоа не е стан туку бања.

„Ова е џакузи, тато дојди да ме крстиш, коментираше непримерно Бака Прасе, а Ненад, кој е свештеник во српската православна црква, само преврте со очите.

„Треба да ти е срам, зарем вака те учевме“, го критикуваше неговата мајка.

Инаку, Бака Прасе, неодамна објави дека се повлекува и дека повеќе нема да снима откако се најде во центарот на скандал заради наводна афера со малолетна девојка. Тој тврди дека не е виновен, а неговата одлука да се повлече не траеше долго.

Тој повторно се врати на својот канал на Јутјуб, а потоа и се почести со скапоцен подарок.

На Инстаграм и Јутјуб веднаш се пофали како го купи автомобилот од марката Ламборџини Урис.

„Конечно го купив. Сиромашки, ама чесно“, напиша тогаш Богдан.

Пред нешто повеќе од половина година јутјуберот се пофали како купи нов Порше иако веќе еден поседува.

Изглед и овој автомобил му здодеа, па реши да купи нов.

Бака Прасе неретко се фали со својата заработка што ја остварува преку социјалните мрежи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button