Снегот вчера ги израдува скопјани, па многумина излегоа на свеж воздух да се порадуваат на зимската идила.
Иако не траеше долго, снегот ги израдува сите во земјава, па многумина побрзаа и ги најдоа зимските чизми и палта и излегоа на снегот.
Додека некои беа низ главните градови Тамара Тодевска заедно со своите деца замина во Маврово на свеж воздух.
Таа објави неколку фотографии и видеа од Хана и Дарен кои уживаа во снежните лудории.
Додека децата си играа и правеа снешко, мама Тамара ги фотографираше и снимаше.
На крајот Дарен гордо позираше покрај снешкото кој го направија, а за очите, носот и устата користеа залихи од кујната.
Пресладок гордо позираше до неговото дело.
Иако Тамара често е ангажирана на настапи по скопските локали, таа секогаш успева да најде време за своите деца и семејството.
На нејзините настапи често може да се видат нејзиниот сопруг заедно со децата или пак нејзината сестра Тијана Дапчевиќ.
Неодамна на новогодишниот базар кај „Сити мол“ Тамара настапуваше заедно со своите деца на бината, а преслатките фотки ги стопија срцата на нејзините обожаватели.
Инаку Тамара во последно време изгледа сè поубаво и ако земеме предвид дека на неа е сè 100% природно можеме слободно да кажеме дека нема конкуренција.