Талат од „Преспав“ призна дека е вљубен- откри интересни детали од приватниот живот кои досега не сте ги знаеле

Дритон Вејсели или како што сите го знаеме Талат од Џепчиште од серијата Преспав откри интересни детали од приватниот живот.

Иако сите го знаеме како Талат, Дритон вели дека во приватен живот не е баш таков.
Во текот на интервјуто тој вели дека можеби би се пробал и како пејач иако досега нема пеено пред публика туку само под туш, но открива и дека е вљубен, а по она што може да го видиме е дека Дритон малку го променилстилот и пуштил брада која одлично му стои.
-Сум пробал неколку пати ама под туш, приватно, за комшиите и сум добил позитивни критики од комшиите, но не сум пеел пред публика, вели тој, но не ја исклучува можноста некогаш да проба, вели Дритон во „Жешко столче“

Наведува дека не размислувал многу дека кариерата ќе му тргне во нагорна линија пред да почне со снимање на „Преспав“, но секогаш спонтаните работи се најслатки.
Во интервју во „Жешко столче“ тој открива многу интересни работи за себе меѓу кои споменува и дека е вљубен, но штом разговорот почнува да тече во посериозен правец Дритон веднаш вели дека не знае во кого и вели „не сум оттука.

– Често пати сум се прашувал, никако да дојдам до некој одговор. Не знам што е со жените. Заљубен сум, вели, но не кажува во кого. Не бил одавде!
Дритон или Талат во серијата „Преспав“ се најде во улога на рецепционер кој неуморно ја засмеваше публиката, која пак неуморно бара да има и шеста сезона.

Вешто се обидува да ја скрие својата приватност, но одвреме на време открива по некој мал детаљ.
Па така и сега јавно откри дека е вљубен, но не откри во кого и дали има девојка.

Тој не живее во тетовско, туку во Скопје, но потеклото му е тетовско, а тој и неговото семејство се сопственици на познатата скопска слаткарница „Малага“.
Во едно интервју тој откри и дека е љубител на фудбалот кој го доживува како уметност, а еден од омилените фудбалери му е Лионел Меси.

Дритон има уникатен стил и чиство за мода, па секогаш ги следи модните трендови.
За „Фашонел“ тој вели дека се обидува да ги усогласи боите, а слабост му се шапките.

-На шапките ми се фасцинација, имам колекција и од летни и од зимски модели. Многу сакам да ги носам и каде и да одам си купувам по некој и така ја збогатувам колекцијата
Се надеваме дека ситуацијата со ковидот наскоро ќе стивне и ќе имаме шанса да го гледаме.



