Реклама
Наши ѕвезди

Тажни вести, цел свет во солзи – згасна животот на една од најголемите холивудски легенди. Беше позната по својата неверојатна убавина!

Реклама

Една од најголемите ѕвезди на Холивуд, Оливија де Хевиленд, го изгуби животот на 104 години.

Животот на кралицата на старите холивудски драми Оливија де Хевиленд згасна во Париз од природна смрт.

Маркетинг

Оливија живееше најдолго од сите членови од актерската екипа на култното филмско остварување „Однесено со виорот“. Родена е во Токио, а младоста ја помина во Калифорнија. Нејзина постара сестра беше актерката Џоан Фонтејн, а ѕвездата од филмот „Однесено со виорот“ дебитираше во 1935 година, во адаптација на Макс Рејнхард „A Midsummer Night’s Dream”. Многу често соработуваше со Ерол Флин, за што сведочат и филмовите „Captain Blood”, „They Died With Their Boots On” и „The Adventures of Robin Hood”.

Оливија која двапати го освои Оскарот, ќе биде запаметена по нејзината неверојатна убавина, а како што самата изјави во една пригода, за време на својата кариера многу повеќе сакала да глуми добри девојки отколку лоши бидејќи играњето на овие првите за неа било повеќе од глума.

Маркетинг

Не се заборава и нејзината храброст да ја тужи компанијата „Ворнер брос“, со што ги потресе сериозно правилата на американската филмска индустрија. И беше кажано дека доколку го изгуби спорот, нема повеќе никогаш да глуми, и таа победи, пишува „Гардијан“.

Првата улога по овој процес беше во психолошката драма „The Snake Pit” од 1948. Откако во средината на 50-тите се пресели во Парис, помалку се појавува на филмското платно. Улоги кои се поврзани за овој период се филмовите „Lady in a Cage”, „Robert Aldrich’s Hush … Hush”, „Sweet Charlotte”, а во 70-тите се појави во телевизиската мини серија „Roots: The Next Generation”. Далеку од камерите предавала преку недела во школо во рамките на црквата.

Пред 12 години и беше доделен Национален медал за уметност, а во 2009 се појави во документарецот за Алцхајмерова болест „I Remember Better When I Paint”.

Таа тогаш изјави дека со време нејзината потреба за глума се намалила и дека повеќе не и’ бил потребен живот полн со фантазија што го имала претходно додека била една од најпознатите и најбараните актерки.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button