Тажна вест: Короната му го одзеде животот на уште еден познат МАКЕДОНСКИ музичар – пријателите се простуваат од него!

Познатиот музичар од Гевгелија, Васил Ангов, вчера нешто пред полноќ ја изгуби битката со вирусот корона.

Неговиот син Андон, во доцните часов на Фејсбук со емотивна порака ја објави трагичната вест за музичарот
„Пoчивaј во мир Тато…. Короната нѝ те зема предвреме“ – напиша Андон на својот профил на оваа социјална мрежа..
Како што пренесуваат медиумите, познатиот музичар го изгуби животот во болнички услови во Скопје, по поставувањето на „фамозниот“ респиратор.
Коронавирусот беше немилосрден кон неговите присутни коморбидитети во организмот, известија локалните медиуми.

Васил Ангов важеше за еден од најпознатите македонски пејачи кон крајот на 90-тите и почетокот на новиот милениум.

Во текот на својата музичка кариера настапуваше на голем број фестивали во Макед0нија, а често беше присутен и во медиумите. Во последните неколку години заедно со неговиот постар син Димитар настапуваше по локалните клубови, кафулиња и локали во Гевгелија и околината, а ќе остане запаметен по неговите песни како „Оди Адио”, „Кому да го дадам срцето”, „Премногу ти верував”, „Ти си ми сонце” и уште неколку познати композиции.
На социјалните мрежи со неверување и болка семејството и пријателите се збогуваат со него.







