Таа е негова најголема љубов и поддршка – Цаноски со романтична порака за саканата
Познатиот македонски бизнисмен со романтична објава за својата сопруга.

Цаноски ја покажа својата емотивна страна за Денот на вљубените.
Македонскиот бизнисмен и директор на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски е доста активен на социјалните мрежи.
ФОТО: Инстаграм / Сефер Цаноски
Тој е еден од ретките мажи кои без проблем и јавно ја покажуваат својата нежна и романтична страна.
Многупати и преку социјалните мрежи има изразено љубов за својата сакана и семејството.
ФОТО: Инстаграм / Сефер Цаноски
Жената која го има клучот на неговото срце е Турчинката Сезен.
Како што објасни во едно свое интервју, Сезн го освоила на прв поглед, а се сретнале случајно во Таксим.
ФОТО: Инстаграм / Сефер Цаноски
Сефер и атрактивнта црнокоса имаат три заеднички ќерки.
Каде и да се појави Сезен плени со својата убавина, а нејзиниот сопруг во неа гледа со посебен жар во очите.
ФОТО: Инстаграм / Сефер Цаноски
Мора да се признае дека Сезен изгледа фантастично и по раѓањето на трите деца.
По повод Денот на вљубените, Сефер се огласи на Инстаграм, каде сподели заедничка фотографија со својата сакана, а во опис напиша:
„Мојот најдобар пријател, Мојата најголема поддршка. Мојата најсилна мотивација. Мојата искрена насмевка. Мојата најдлабока љубов. Мојата омилена. Мојата љубов доживотна. Секој дене е ден на за љубов. Те сакам Сезен“.