Реклама
Новости

Таа е најскромната кралица на светот – ја нарекуваат Кејт Мидлтон од најсреќната земја

Реклама

Нејзината животна приказна е како од бајка

Џецун Пема Вангчук, кралицата на Бутан, е жена со голема харизма, убавина и стил, а народот на Бутан ја обожава и светот ја гледа со голема почит.

Маркетинг

Тоа се случи преку ноќ бидејќи Џeцун најпрво беше омразена во својата земја и тоа поради овие факти – пред бракот живееше со сопругот Џигме Кесар Намгиел Вангчук, кралот на Бутан, а венчавката со него не беше како што налага традицијата (договорен брак), туку потполно спротивно, нивниот брак се случи поради љубов.

Нејзината љубовна приказна започна на крајно несекојдневен и контроверзен начин. Имено, кралот ја сретнал кога имала само осум години и од тогаш решил тоа девојче кога еден ден ќе порасне да стане негова жена.

Маркетинг

Кога ја запроси, сите се прашуваа која е девојката од народот што ќе стане кралица. Џецун потекнува од аристократско семејство, но без официјални титули. Поради тоа таа беше непосакувана на престолот на Бутан, но тоа не ја премисли да се откаже нејзиниот животен пат.

Откако се омажи за кралот со неколку одлуки ја освои наклонетоста на народот. Најпрво одлучи со сопругот да живеат во поскромна куќа, а потоа и со одлуката да не оди на меден месец, туку првите недели од бракот ги искористи за да го запознае Бутан и луѓето што живеат во него.

Таа е скромна и комуникативна жена која сака да разговара со својот народ. Школувана е во Индија и течно зборува хинду, индиски и џонгка јазик, официјалниот јазик на Бутан. Обожава кошарка и сликарство.

Нејзината свадба со кралот беше најавена лично од него за време на отворањето на VII седница на Бутанскиот парламент во мај 2011 година, а се случи на 13 октомври 2011 година во главниот храм Пунака Ѕонг. Свадбената церемонија продолжи со посета на разни региони на кралството. За време на оваа церемонија кралот Џигме Кезар од светиот Махен ја доби круната на Змејската Кралица, за потоа со неа да ја круниса Џецун Пема, правејќи ја и официјално Кралица на Бутан.
Поседува посебна убавина и има одличен моден вкус, поради што ја викаат Кејт Мидлтон од Хималаите. Иако на полето на облекувањето нема многу можности бидејќи во секоја пригода мора да носи традиционална облека, не уверува сите дека избор секогаш има, ако имате стил.

 

https://www.instagram.com/p/Bc0ATQKBhyH/

Каква земја е Бутан?

Интересно за Бутан е тоа дека е дозволена полигамијата, а татко му го искористил тоа и се оженил со четири жени. Сепак, младиот крал одлучил дека Џецун е негова единствена сопруга. Покрај ова, интересно е да споменеме и дека Бутан е единствената земја во светот во која власта е убедена дека среќата е најважната цел за целото население.

Правото на среќа е загарантирано во член 9 од нивниот Устав.

https://www.instagram.com/p/BkqRa5ABid4/

 

Затоа, среќата се смета за главен приоритет на националната политика. Владата на Бутан дури го формира Министерството за среќа, кое досега го нема ниедна земја во светот.

Бутан, кој според сите индикатори е навистина уникатно место на оваа планета, е многу помалку погоден од глобалните проблеми, како што се гладот ​​и криминалот.

Поради ова луѓето живеат среќен живот, не се опседнати (како нас) со модерна технологија и успешно го сочувале своето единствено културно наследство. Ова се должи на фактот дека досега тие не доживеале воено разорување или екстремна сиромаштија. Нивниот закон забранува убивање на животни, така што голем дел од жителите се вегетаријанци.

https://www.instagram.com/p/Bc1pn2-hReA/

 

Во Бутан исто така забрането е и да се сечат шумите – населението секогаш се обидува да засади што е можно повеќе дрвја. Централните и јужните делови на земјата воопшто не се урбанизирани – овие области се во принцип големи природни резервати со богата флора и фауна.

Во последните 20 години според статистиката животниот век во Бутан е двојно зголемен, а речиси сите деца во оваа не толку богата земја одат на училиште.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button