Наши ѕвезди

Сузана Турунџиева го покажа својот дом – еве чија фотографија зазема најголем дел од ѕидот

Познатата македонска водителка покажа како го украсила својот дом.

Advertisement

Сѐ во тон и во духот на претстојните празници е во домот на Сузана Турунџиева.

Таа не сака многу јавно да зборува за својот приватен живот, но на социјалните мрежи знае да сподели фотографии од времето поминато со најблиските.

Advertisement
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева

Најсреќна е кога е во друштво на своите ќерки Лора и Матеа и внукот Јаков.

Тие се нејзината гордост и мотив поради кој се бори да чекори напред, иако животот не бил секогаш нежен со неа.

Advertisement
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева

Важи за храбра жена, која од екоја тешка ситуација се издига како Феникс.

Сузе е една од жените за која може да се каже дека за сѐ ја бидува.

ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева

Освен што е одлична пејачка и водителка, таа свири и на неколку инструменти, пишува, но и прекрасно црта.

Чувствата ги пресликува на ситни каменчиња, кои се одлична декорација за секој дом.

ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева

По повод претстојните празници и Сузе го украси својот дом.

Нејзиното омилено катче, покрај пијаното го накити со украси во зелена боја, но она што најмногу привлече внимание е сликата од неа, која зазема половина ѕид.

ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева

ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева

ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева

ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева

ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button