Сузана ги разнежни фановите- на сопругот му посвети емотвна порака и ја покажа својата емотивна страна
Атрактивната фолкерка со емотивна порака за својот сопруг.
Веќе долго време е на македонската фолк сцена, но кога или каде и да се појави таа предизвикува воодушевување.
Сузана Гавазова зрачи со убавина и се-ксапил без разлика во што е облелена.
Таа веќе долго време е во брак со Јасмин, а круна на нивната љубов се двете ќерки.
Јасмин често ја опсипува својата сакана со внимание, љубов и подароци, а сега Сузана со емотивна честитка му честиташе роденден.
-На овој прекрасен прв ден од пролетта се роди мојата љубов, мојот сопруг и татко на моите деца. Личност која секогаш стоеше до мене до крај и никогаш не се сомневаше во ниту една одлука.
Човек со храброст, човек со искреност, добар татко и совршен придружник. Јас сум најсреќна сопруга на светот! Те сакам и среќен роденден, да си жив и здрав-напиша Сузана.
Инаку, Гавазова и нејзиниот сопруг во брачните води запловија пред седум години, кога направија и раскошна свадба за роднините и пријателите, некое време живееја во Шведска, а пред неколку години решија да се вратат да живеат во Македонија за пејачката да може да ја продолжи својата музичка кариера.
Освен како пејачка таа одлично се снаоѓа и во улога на домаќинка, а често знае да сподели и некое видео од специјалитетите кои ги прави.
Инаку, пејачката води сметка за својот изглед, па многумина коментираат дека во последно време линијата ја довела до совршенство, а тоа секојдневно го докажува.