Сузана Гавазова ги зaпaли социјалните мрежи – досега ја немате видено во вакво издание
Една од најпознатите фолкерки во Македонија изгледа како да е излезена од списание.
Во моментов е една од најбараните фолк пејачки во земјава., а важи и за една од најзгодните и најубавите.
Сузана Гавазова често настапува, но и кога нема настапи таа знае како да привлече внимание на социјалните мрежи каде е доста активна.
Во последната објава таа изгледа како манекенка од „Викторија сикрет“.
Облечена во кратко бело здолниште, бела кратка маичка која го открива нејзиниот совршен рамен стомак и бела наметка и сето тоа надополнето со бела чантичка и чизмички.
Она што најмногу им се допадна на сите беше промената на косата која одлично и стои.
Сузана е често ангажирана со настапи, но во последно време на својот Инстаграм профил покажа и дека е вистинска домаќинка, па секојдневно објавува по некој рецепт кој самата го прави.
Да потсетиме, Гавазова и нејзиниот сопруг Јасмин во брачните води запловија пред шест години, кога направија и раскошна свадба за роднините и пријателите, а пред неколку години решија да се вратат да живеат во Македонија за таа да може да ја продолжи својата кариера.
Тие од нивниот брак ги имаат ќерките Емили и Селена, а пред да се вратат во нашата земја живееја во Шведска.
Но, по неколку години живот во оваа земја, Сузе и Јасмин одлучија да се вратат во Македонија.
Гавазова која има свој стан во родната Струмица, но откако се врати во Македонија реши дека со семејството треба да живее во Скопје. Нејзиниот сопруг, кој по потекло е од Босна, се грижи за нејзината кариера.
Пејачката е доста активна на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од нејзиното семејство.
Фановите на фолк-пејачката имаат можност да видат фотографии од нејзините ќерки, кои дефинитивно ја наследиле убавината на мајка си.