Стјуардеса ОТКРИВА: Секогаш оставете по една чевла во хотелскaта соба

Стјуардеса на TikTok сподели шест интересни трикови, за кои смета дек ќе го леснат патувањаето многу повеќе.

Естер Стурус, која работи за холандската авиокомпанија KLM, престојувала во хотели ширум светот и редовно го ажурирала својот профил на ТикТок, кае ја следат шпвеќе од 150.000 луѓе, а сега споели трикови како да си го олесните патувањето.
Таа сега откри еден необичен трик – имено, таа вели да савите по една ваша чевла на безбедно во хотелската соба.
Многу луѓе се плашат да ги остават своите вредни работи во сефот во собата во случај да не ги заборават кога ќе заминат.
Во видеото во кое споделува трикови за во хотел, Естер вели: „Загрижена сте да не заборавите нешто вредно во хотелскиот плакар?

Ставете ја вашата висока потпетица или чевел во неа и нема да заборавите ништо“.
Теоријата зад ова е дека никогаш нема да ја напуштите просторијата без двете чевли.
И ако понесете повеќе од еден пар чевли, едноставно заменете го со јакна или палто – нешто без кое никогаш не би заминале.
Патниците под видеото искоментираа дека тоа е „навистина кул“ и „паметен“ трик.

Покривањето на чевлите со капа за туширање особено е корисен начин да ја заштитите облеката од нечистотија кога повторно треба да ја спакувате во куферот.
Следниот трик на стјуардесата беше да го искористите вашиот USB-кабел и да ги наполни телефонот во телевизорот, доколку немате приклучок што ви одговара во собата или пак не работи.
Стјуардот Мигел Муњоз претходно сподели со Express.co.uk некои од неговите омилени трикови и објасни дека коцките за пакување се неопходни за него бидејќи секогаш ја пакува својата облека во овие мали прегради.
Мигел, исто така, рече дека ја носи на себе својата најголема јакна за да не зафаќа простор во неговиот куфер, а долната облека и чорапите ги превртува во тренерите за да заштеди простор.

ФОТО: Принтскрин