Реклама
LIFESTYLEВирално

Стево Пендаровски се сретна со својата прва учителка (фото)

Реклама

Претседателот Стево Пендаровски по повод почетокот на новата учебна година, се сретна со својата прва учителка Борка Палифровска.

Фото: Фејсбук

Маркетинг

Пендаровски и 83-годишната учителка се потсетија на првите лекции и учениците, а разгледаа и албум со фотографии постари од 40 години од времето на неговите школски денови.

Емотивна средба со мојата прва учителка Борка Палифровска. Се потсетивме на првите лекции и ученици, а 83-годишната Борка се сеќава на сите нас, по име и по презиме. Уште поголемо изненадување за мене беа црно – белите фотографии коишто ги чува за спомен, стари повеќе од 40 години.

Маркетинг

Ми раскажа дека веќе 25 години е во пензија, а времето го поминува покрај со читање и со своите деца и внуци. Борка е доказ дека првите учетелки ги памтиме доживотно. Покрај преубавите спомени, ме испрати и со малку грозје од нејзиниот двор. И посакувам долг век и пак да се видиме за некоја година да поразговараме., напиша Пендаровски на својот Фејсбук профил.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button