Реклама
Наши ѕвезди

Среќни вести од домот на Ражнатовиќ Цеца повторно станува баба, на социјалните мрежи го открија и полот и името на бебето

Реклама

Наскоро принова во семејството!

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Семејството Ражнатовиќ за отприлика шест месеци ќе стане побогато за уште еден член, а Цеца ќе добие уште еден внук.

Имено, сопругата на нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ, Богдана, повторно е во блажена состојба, а оваа вест ги израдува нејзините фанови.

Маркетинг

Среќните вести ги објави наследникот на Цеца на својот Инстаграм кога истовремено го откри и полот на бебето.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Вељко во присуство на најблиските пријатели и семејството направи журка за откривање на полот на бебето, на која веста ја соопшти во негов стил, така што балонот што беше закачен на дрвото го пукна со стрела.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Од балонот се рашири сина боја која откри дека во домот на Вељко и Богдана ќе пристигне уште едно момче.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

На снимката се гледа како Вељко скока од радост и вели дека претчувствувал дека повторно ќе биде машко.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Инаку, Цеца стана баба во јуни 2020 година, кога се роди малиот Жељко, кој за шест месеци е си добие и братче.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Интересно е и тоа што бремената Богдана и Вељко веќе одлучија и како ќе се вика бебето и тоа не го кријат од јавноста.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

„Со божја помош, за шест месеци пристигнува малиот Крстан Ражнатовиќ, му благодарам на Бога и на мојата најдобра жена“, порача Вељко во објавата што ја сподели на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Цеца веднаш ја лајкуваше оваа објава на својот син не криејќи дека е пресреќна што повторно ќе стане баба.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Богдана треба да се породи некаде кон средината на април, а како изгледа во третиот месец од бременоста, погледнете во продолжение:

Фото: Принтскрин/ Блиц ТВ
Фото: Принтскрин/ Блиц ТВ

Еве го и малиот Жељко…

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button