Среќата ќе биде на негова страна оваа година – Градиначалникот на Струмица сподели приватни фотографии
Младиот градоначалник на Струмица го покажа своето семејство.
Откако стана градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов често објавува приватни фотографии, а во последно време тоа често се фотографии од неговото семејство и семејни прослави.
Костадин Костадинов е еден од најзгодните момци во партијата, а неодамна соопшти дека повеќе не е ерген, односно дека ја побара раката на неговата девојка Марија Десанова.
За време на новогодишните празници тој беше доста активен, а објави и фотографија од бадниковата вечера во друштво на неговата вереница и мајка и соопшти дека паричката се паднала кај него.
-Паричката кај мене, односно паричката кај сите вас. Бог да ни ги благослови вечерите-напиша Коста.
Тој во една прилика сподели и фотографија од семејна веселба со неговиот дедо кој е поранешен театарски актер.
-Семејните веселби се одлична можност за дискусија за културата во Струмица посебно со дедо ми Душан-напиша Костадинов.
Па освен што е посветен политичар, Коста покажа дека е посветен и на семејните вредности и неговите најблиски.
Костадин Костадинов е македонски политичар и пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ. Од 2016 до 2017 година бил вршител на должноста градоначалник на општина Струмица откако Зоран Заев по парламентарните избори формирал парламентарно мнозинство и подоцна ја презел функцијата премиер на Македонија.
Основното и средно образование го завршил во родниот град, додека високо образование завршил на Економскиот факултет при ФОН Универзитетот.