Реклама
Наши ѕвезди

Спремна да рипне во тавче со него, па по победата веднаш го зграпчи – УРАГАНКАТА му фрли меракот на шест години помладиот пејач?

Реклама

Младиот Италијанец и се допаѓа на Сања

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Една од трите пејачки од Хурикејн, Сања Вучиќ (27), како што пренесуваат медиумите, не се одвојува од Италијанецот Дамијано Давид (22) кој со својот бенд „Манескин“ ја однесе победата на овогодинешната Евровизија.

Трите девојки не останаа незабележани од бројните делегации, но и од згодниот пејач од Италија кој исто така не остана рамнодушен на шармот на Сања па секој слободен момент го користеше да се дружи со неа.

Маркетинг

Колку се блиски можевме да видиме и на крајот, кога на членовите на бендот им беше соопштено дека победија, а девојките од Хурикејн во еден момент го грабнаа Дамијано и меѓу првите му ја честитаа победата.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

И покрај рестрикциите кои оваа година на Евровизија се под полна пареа, италијанскиот претставник наводно не се одделувал од Сања Вучиќ.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Тој наводно редовно доаѓал на сите проби, а бидејќи биле сместени во различи хотели редовно се допишувале преку телефон и се договарале да се видат, пренесоа пред самата финална вечер српските медиуми.

Ова секако не останало не забележано од страна на поедини новинари кои забележаа дека меѓу нив има одредени симпатии, а можеби и нешто повеќе. Затоа и на конференцијата за новинари пејачката ја прашаа дали станува збор за љубовна врска помеѓу неа и италијанскиот пејач, а Сања одговори дека се работи за прекрасен младич, дека таа е сингл, но тој е 6 години помлад од неа, пренесуваат медиумите.

Подготвена да се омажи со него?

Како што пишува српскиот Блиц, Сања за време на настапот на 22 годишниот Италијанец цело време танцувала и пеела.

Фото: Инстаграм/ Сања Вучиќ

Шармантната „ураганка“ претходно, на една конференција за новинари, откри што мисли за победникот.

„Тој е преубав маж, да бидам искрена, сама сум.. Прекрасен е.. Ќе престанам да зборувам. Всушност, јас би се омажила за него, но тој е помлад од мене шест години“, изјави Сања, пишува „Wiwibloggs“.

Инаку, атрактивниот Италијанец на сцената настапи со високи потпетици, без маичка и во необични панталони какви носеа и останатите членови на бендот.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Бендот Манескин со нивната песна „Zitti E Buoni“ освоија 524 поени, од кои 318 добија од публиката.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

На второто место завршија Французите, а на третото Швајцарците. По нив следува Исланд, па Украина, а претставничките од Србија завршија на 15 место, додека од публиката добија 82 поени.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Манескин е италијански рок бенд од Рим кој е составен од вокалот Дамјано Давид, басистката Викторија де Анџелис, гитаристот Томас Раѓи и тапанарот Итан Торкио. Бендот се прослави откако заврши на второто место во 11 сезона на италијанското музичко шоу „X Factor 2017“.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

„Не можеме се уште да поверуваме! Драго ни е што толку луѓе сакаат рок“, започнаа членовите на бендот Манескин на конференцијата за медиуми по победата во Ротердам откако го отворија шампањското и прославија.

Фото: Инстаграм/ Манескин
Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Што се однесува до претставничките од Србија, тие како вистински ураган настапија на сцената со нивната песна Loco, Loco.

Тие завршија на 15-тото место, а како изгледаше нивниот настап погледнете во продолжение.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button