Спремете ги куферите, Германија ги менува правилата за влез во земјата – Радосна вест за Македонците со бугарски пасош!

Радосна вест за Македонците со бугарски пасоши, Владата донесе нови правила за работа во Германија.

Германската влада ги променила правилата за влез во земјата. Вакцинираните или оние кои го прележале КОвид 19 нема да мораат да се тестираат или да одат во карантин, освен ако не доаѓаат од високоризичн подрачја во кои преовладуваат различни соеви на вирусот.
Невакцинираните според одлуката на валадата може да го напуштат карантинот ако тестот покаже дека се негативни на корона вирусот.

Новите правила се воведуваат за да се олеснат патувањата за време на летото, посебно семејствата каде родителите се вакцинирани, а децата не се.
Правилата важат за оние кои примиле вакцина одобрена од Европската унија.

Германскиот министер за здравје Џенс Спах рекол дека очекува државата до крајот на јуни да издаде дигитални сертификатити за имунитет.
И покрај целиотзастој во светот поради пандемијата Германија се уште бара работници, зошто поради затворањето на државите пристигнати се мал број на работници од Западен Балкан.

Од почетокот на годинава направени се мали измени на Западнобалканското правило.
Тоа е продолжено до 2023 година, меѓутоа, за разлика од претходно, сега има ограничување во делот на бројот на лицата кои на овој начин може да влезат и работат во Германија, и тоа на 25.000 годишно.

Притоа, за македонските граѓани се „резервирани“ 4.750 работни места или 19%, исто толку за албанските граѓани, како и за граѓаните на Босна и Херцеговина. Граѓаните на Србија би добиле 4.250 работни места или 17%, а на Косово дури 5.500 места, односно 22%.
Најмалку работни места се предвидени за Црногорците – 1.000 или 4%. Распределбата на контингентите по земји се преиспитува секоја година и по потреба се прилагодува.

Притоа, кај граѓаните од Северна Македонија најголеми бројки има во 2019. година, кога визи биле издадени на 6.425 лица.
Минатата година пак во Скопје биле издадени само 1.291 визи за луѓе кои во Германија доаѓаат на работа врз основа на одредбите на Западнобалканското правило.

Работа се бара во градежништвото, угостителството, инжињерството, во болниците и во старечките домови.
Платата зависно од вашето познавање на германскиот јазик и образование од 1500 до 2500 евра плата.
ФОТО: Берлин / Инстаграм
ФОТО: Берлин / Инстаграм
ФОТО: Берлин / Инстаграм
ФОТО: Берлин / Инстаграм
ФОТО: Берлин / Инстаграм