Сподели фотографија од моментите кои се најдрагоцени за една жена- сите ИЗНЕНАДЕНИ од досега невидените фотографии на пејачката
Позната е како македонско-српска пејачка, а нејзиниот уникатен стил и шарм едноставно освојува.
Во последно време таа посвети доста време на себе и изгледа поубаво од кога било.
Тијана Дапчевиќ веќе со години е на музичката сцена како во Македонија така и во регионот.
Таа својот имиџ не го менуваше, но во последно време се чини дека се почесто може да ја видиме во некоја поженствена варијанта, но и често гордо го покажува своето тело кое го доведе до совршенство.
Тијана беше на диета со која успеа да симне вишокот килограми, па очигледно се чуствува удобно во сопствената кожа.
Тијана е во брак со Милан Дапчевиќ, а круна на бракот е нивниот син Вук.
Таа често се присетува на бременоста и моментите кои за секоја жена се скапоцени во тие моменти, но не крие дека тоа било периодот кога најмногу се здебелила.
Имено, таа за време на својата бременост се поправи 45 килограми и пред породувањето имаше 115 килограми.
„Буквално носев уште едно лице во себе. Немав врат, а рацете ми беа како бутовите. Тогаш решив да преземам нешто во врска со тоа. Но почнав да слабеам дури откако сфатив дека на мене не ми треба никаква диета, туку да го променам начинот на живот. Ние жените имаме неверојатна блокада во главата кога ќе се спомне зборот диета.“
„Тогаш мислиме само на храна и на тоа што ќе јадеме, а што не смееме“, изјави пејачката тогаш за медиумите.
Поради популарниот „предизвик“ кој деновиве кружи на Инстаграм таа се реши да сподели досега невидени фотографии од бременоста.
На една таа позира топ-лес за српско списание, а на втората е во домашна атмосфера.
Сепак таа успеа да си ја врати фигурата до совршенство, па раскажа дека не било баш лесно.
„Ми беше тешко на почетокот, но дадов сè од себе за да издржам. Сите треба да се храниме без шеќер, брашно и млеко. Само така ќе дојдеме до посакуваните килограми, но како и сите останати жени, и јас понекогаш ќе се опуштам, па ќе се поправам“ изјави тогаш Тијана.