Реклама
Наши ѕвезди

Спасен Силјаноски насмеан и распеан меѓу овие две Македонки – прв пат го гледаме во вакво издание

И како што објавивме пред неколку дена, познатиот фолк-пејач Спасен Силјаноски ќе го гледаме и во улога на водител и тоа во една од најгледаните ТВ емисии...

Реклама

Во водителскиот тим на „Везилка“ се приклучи и популарниот македонски фолк-пејач Спасен Силјаноски.

Тој заедно со својата колешка Адријана Алачки и водителката Александра Бела ја водеше првата емисија, а како изгледаше во ова свое издание можеме да видиме од објавите на социјалните мрежи.

Како што се шушка зад кулоарите, Спасен во емисијата доаѓа на местото на неговиот колега Благоја Грујовски.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Спасен важи за еден од омилените пејачи од поновата генерација, посебно меѓу нашинците од дијаспората.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Александра Бела

Неговата песна „Ќе ти дојдам вечер“ стана вирален хит на социјалните мрежи и дополнително го прослави, па како што самиот вели, сега има многу повеќе настапи како во Македонија, така и надвор од земјата, секаде каде што има наша дијаспора.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Впрочем тоа може да се види и од следната негова објава, каде ги има означено повеќето негови настапи за следниот период.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Инаку Спасен во „Везилка“ покрај тоа што ќе ја води емисијата, тој и ќе пее, а гледачите одвај чекаат да го видат во оваа улога.

Фото: Инстаграм/ Александра Бела

Што се однесува пак до нови песни и неговите планови за во блиска иднина, Спасен во една пригода за нашиот магазин откри дека неговата агенда е преполна речиси до крајот на оваа година, а преку зима планира да поработи и на нови песни, кога ќе има помалку настапи и повеќе слободно време.

Фото: Инстаграм/ Александра Бела

„Ова година нема да излегувам на турнеја надвор од Македонија. Имам една кратка турнеја во октомври во Европа, па потоа Австралија. Не е официјално но во преговори сум за петта турнеја во Америка за новогодишните и божиќни празници“.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

„Апстинирам со нова музика од мене, имам песни кои чекаат да бидат снимени, но тоа некаде во зимските денови , здравје кога е по смирена работата со настапите, па ќе направам и некоја нова песна, изјави Спасен неодамна за нашиот магазин.

Целото интервју со него прочитајте го тука…

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button